fbpx

Европратениците бараат одговорност од лидерите, но и од ЕУ за кризата во Македонија

-

Доцна попладнево во Стразбур се одржа пленарната сесија на Европскиот парламент на која европратениците расправаа за актуелната политичка криза во Македонија и за неодамнешните случувања во Куманово.

Општата оцена на европратениците беше дека земјата се наоѓа во тешка политичка ситуација, повикаа на одговорност од лидерите на политичките партии во земјата, но и на одговорност од Европската унија кон предизвиците со кои се соочува земјата.

Комесарот на Европската комисија за хумантарна помош, Кристос Стилианидес, во своето воведно обраќање, истакна дека „граѓаните на оваа земја заслужуваат повеќе од обична политичка изјава“ и ги повика лидерите во земјата „сериозно да ја сфатат својата одговорност и да ги стават интересите на земјата над интересите на нивните партии“.

– Истовремено, ЕУ ги повикува властите на независен и транспарентен начин да ги истражат сите обвинувања за можни злоупотреби, вклучувајќи ги и тие од јавно објавените прислушувани разговори – рече Стилианидес.

Европратеникот Едвард Кукан ја повика Европската унија да посвети поголемо внимание на Македонија поради предизвиците низ кои минува и кои би биле потресни за која било европска држава.

– Македонија се соочува со политичка криза и безбедносни предизивици, а политичка одговорност треба да дојде од сите политички и етнички линии – рече Кукан, додавајќи дека европската интеграција е една од алатките со кои може да се помогне во надминување на кризата.

Известувачот Ричард Ховит во своето обраќање посочи дека во неколкупати предупредил дека непочнувањето на пристапни разговори води во ризик од нов конфликт.

– За она што се случи во Куманово, Европа можеби не е директно одговорна, но како што ние очекуваме од политичките партии во земјата да се однесуваат одговорно, тие истото го очекуваат и од нас – истакна Ховит.

Тој и пратеничката од зелените, Улрике Лучанек, упатија остри пораки до Европската народна партија (ЕПП), каде членува ВМРО-ДПМНЕ, поради нивните критики кон македонската опозиција и поддршката за Груевски.

Луначек ги повика ЕПП да престанат по секоја цена да ги поддржуваат членовите на нивната политичка фамилија кога тие се оддалечуваат од демократијата и од владеењето на правото.

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски истакна дека македонската влада должи многу објаснувања „на своите избирачи и на своите граѓани.

– Дражвата се наоѓа во една од најтешките политички кризи. Владата во Скопје должи многу одговори. Одговори за обвинувања за корупција, за снимките кои истекуваат во јавноста и покажуваат еден недемократски начин на владеење. Целосно ја подржувам интеграцијата на земјата во НАТО и во ЕУ, но тоа е можно само под услов на договор за добрососедство, категорично отфрлање на говорот на омраза, на кражбата на заедничката историја и на признавање на правата на најмалку 90.000 македонски граѓани со бугарска националност – рече Џамбаски.

Словенецот Иво Вајлг порача дека состојбата во Македонија бара поголемо разбирање на ЕУ кон Македонија и дека мора да се најде компромис за отворените прашања, како тоа за името и да почнат преговорите за влез во ЕУ.

– Македонија е во рамките на концептот за колективна безбедност на цела Европа и треба да се помогне за нејзина интеграција во НАТО – додаде Вајгл.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...