четврток, 14 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: ЕвропскиПарламент | 22 резултати

ЕП бара супермаркетите да не ја фрлаат храната што нема да се продаде

јули 13, 2015

Европскиот парламент ги повика земјите од ЕУ што побргу да донесат закони кои ќе им овозможат на супермаркетите сета непродадена храна да ја даваат за хуманитарни цели, наместо да ја фрлаат. Во светот секоја година се фрла 1,3 милијарди тони храна, а на годишно ниво се создава економска загуба од 750 милиони долари, со негативи […]

Грција нема да го пропушти рокот на ЕУ

јули 8, 2015

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, по вчерашниот самит во Брисел, се упати кон Стразбур, каде се обрати пред Европскиот парламент и го образложи ставот на неговата земја. Ципрас порача дека неговата држава станала „лабораторија за мерките за штедење“. – Планот за спас е на сила пет години. Во ниту една друга земја програмата за штедење не траела […]

Европарламентот без посебна резолуција за Сребреница

јули 3, 2015

Европскиот парламент следната недела ќе ја одбележи 20-годишнината од геноцидот во Сребреница, но нема да донесе посебна резолуција за тоа. Европратеничката Тања Фајон, за „Радио Слободна Европа“ изјави дека претседателот на Европскиот парламент одлучил в понеделник да се донесе декларација, во пресрет на седницата на која ќе се одржи комеморација за жртвите. За време на […]

Европратениците бараат одговорност од лидерите, но и од ЕУ за кризата во Македонија

мај 20, 2015

Доцна попладнево во Стразбур се одржа пленарната сесија на Европскиот парламент на која европратениците расправаа за актуелната политичка криза во Македонија и за неодамнешните случувања во Куманово. Општата оцена на европратениците беше дека земјата се наоѓа во тешка политичка ситуација, повикаа на одговорност од лидерите на политичките партии во земјата, но и на одговорност од […]

За европските либерал-демократи, кризата и масовните протести во Македонија се алармантни

мај 8, 2015

Лидерот на европските либерал-демократи во Европскиот парламент и поранешен белгиски премиер, Ги Верхофстад, изрази загриженост утрово за сè поголемите тензии во Македонија. Тој смета дека „продлабочувањето на политичката криза и масовните демонстрации се алармантни“. Верхофстад им изрази поддршка на тројцата европратеници кои посредуваат помеѓу власта и опозицијата во Европскиот парламент. – Сега времето е најбитно. Политичките лидери […]

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и во Брисел остануваат на своите ставови

март 23, 2015

Радмила Шекеринска денеска од Европскиот парламент (ЕП), каде учествува на семинар за политичкиот дијалог во балканските парламенти, изјави дека е „тешко да се зборува за политичка култура и во Брисел кога знаеме дека нема одговор на нашето насилно отстранување од парламентот“. – За каква култура се зборува ако тоа се случува и кога секој ден во […]

Шекеринска и Милошоски на дебата во Брисел

март 23, 2015

Радмила Шекеринска и Лидија Димова од СДСМ и Антонио Милошоски од владејачкото мнозинство, денеска попладне во Европскиот парламент во Брисел ќе учествуваат на дводневниот интерпарламентарен семинар, посветен на подобрувањето на политичкиот дијалог и на зацврстувањето на демократијата во земјите-кандидатки и потенцијални кандидати за членство во Европската унија. На семинарот ќе учествуваат и Талат Џафери од […]

Хан: Политичките лидери си играат со иднината на земјата

март 11, 2015

Комесарот за проширување на Европска унија, Јоханес Хан, на синоќешната седница на Европскиот парламент во Стразбур, рекол дека без разлика на изворите, материјалите што ги објавува лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, мора сериозно да се истражат од институциите, пренесува „Дојче веле“. – Без разлика на изворите на прислушувањето кои треба да се истражат, секоја потенцијална […]

ЕП побара итно почнување преговори со Македонија

март 11, 2015

Европскиот парламент денеска по деветти пат побараа од Советот на Европа без одложување да одреди датум за почеток на пристапните преговори со Македонија. Во спротивно, како што се наведува во резолуцијата, се поткопува кредибилитетот на политиката на ЕУ кон проширувањето. Европарламентарците побараа од претставничката за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, да најде нова иницијатива […]

Европратениците денеска ќе гласаат за резолуцијата за Македонија

март 11, 2015

Проблемот за името треба да се реши пред крајот на преговорите за влез на Македонија во ЕУ, оценија синоќа пратениците од Европскиот парламент во Стразбур и побараа од шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, да изнајде нова иницијатива со која ќе се излезе од сегашниот ќор-сокак. Нотис Мариас, од партијата Независни Грци, која е дел од […]

Европратениците вечерва ќе расправаат за резолуцијата за Македонија

март 10, 2015

Претставниците на Европскиот парламент вечерва ќе ја разгледаат резолуцијата за напредокот на Македонија, која утре треба да се најде на гласање. Во резолуцијата, поднесена од известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Иво Вајгл, се препорачува неодложно да се почнат преговорите со Македонија. Во документот се наведува дека проблемот со името не треба да биде пречка […]

Едвард Кукан до ВМРО-ДПМНЕ: Почитувајте ги основните демократски начела

февруари 6, 2015

Членот на групата на Европската народна партија(ЕНП) во Европскиот парламент, Едвард Кукан, денеска преку соопштение изрази загриженост за политичката криза во Македонија, по случајот „Пуч“, и ја повика својата сестринска партија, ВМРО-ДПМНЕ, да ги почитува основните демократски начела. Во кусото соопштение, Кукан пишува дека „тензичните односи помеѓу владејачката партија и опозицијата дополнително се влошија“ откако […]

Европските социјалисти на „кризна средба“ со Шекеринска во Брисел

февруари 5, 2015

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска во Брисел се сретна со претставници на сестринската партија во Европскиот парламент (ЕП), групата на социјалдемократите, и со нивниот координатор за надворешни работи, Ричард Ховит. Европските социјалисти денеска одржаа „кризна средба“ за случајот „Пуч“ во присуство на Шекеринска. – Тешко да се има доверба во тоа дека на случајот […]

Европскиот парламент изгласа резолуција за Русија

јануари 15, 2015

Европскиот парламент денеска со мнозинство гласови ја усвои резолуцијата во која најостро се осудува задушувањето на човековите права и кривичниот прогон на опозиционерот Алексеј Навални. Во резолуцијата се изразува длабока загриженост поради неодамнешната одлука на руските власти невладините организации кои примаат финансиска помош од странство да се обележат како „странски агенти“ и да се ограничи […]

Европарламентот „во принцип“ ја призна Палестина за држава

декември 17, 2014

Европскиот парламент денеска усвои резолуција со која „во принцип“ ја признава државноста на Палестина. Вкупно 498 пратеници гласале „за“ резолуцијата, додека 88 биле „против“. „Европскиот парламент во принцип ја признава државноста на Палестина и решението на двете држави и верува дека тоа би требало да оди рака под рака со развојот на мировните преговори, кои […]

Ховит и Вајгел во Македонија

декември 4, 2014

Досегашниот известувач за Македонија во европскиот парламент, Ричард Ховит, и неговиот наследник на оваа позиција, Иво Вајгел, денеска во Скопје ќе одржат прес-конференција, а, како што беше најавено, Ховит треба да одржи и предавање. Тој вчера имаше средба со премиерот Никола Груевски, на која позитивно била оценета досегашната соработка во напредокот на Македонија кон ЕУ, […]

Ние намаливме на 50, ЕУ размислува за зони со максимални 30 километри на час

ноември 18, 2014

Педесет километри на час во урбани средини, како што предвидува новиот закон за сообраќај кај нас, веќе неколку години е практика во сите земји-членки на ЕУ, и во некои кои не се дел од Унијата. Европскиот парламент минатата година усвои документ со кој бара од Европската комисија да ги провери можностите оваа граница да биде […]

ЕП ја ратификуваше спогодбата за асоцијација со Молдавија

ноември 13, 2014

Европскиот парламент денеска го ратификуваше политичкиот и трговски договор меѓу Молдавија и Европска Унија, пренесува „Радио Слободна Европа“. За sпогодбата за асоцијација, која Молдавија ја потпиша во јуни годинава, гласаа 535 пратеници, а 94 беа против. Пред да стапи на сила, спогодбата за асоцијација треба да биде ратификувана од парламентите на сите 28 членки на […]

Страна 1 од 1