fbpx

За Мендух Тачи случувањата во Куманово биле меѓуетнички

-

Ситуацијата во Македонија е многу лоша и на политички план треба многу бргу да се дејствува, изјави лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, на прес-конференција, во врска со настаните во Куманово.

Според него, што поскоро треба да се отвори нов дијалог меѓу Албанците и Македонците, а главниот приоритет да биде евроинтеграцискиот процес на Македонија и правата на Aлбанците.

– Македонија се наоѓа во шизофренична состојба. И во 2001 година некој дојде и ни рече дека нè ослободил, но проблемите сè уште ни се повторуваат, затоа мора да се седне и да се разговара за суштинските прашања, за да не се искомплицираат работите – изјави Тачи.

Тачи случувањата во Куманово ги оквалификува како меѓуетнички, на база на информациите и на сликата што ја добил од терен.

– Според информациите што ги имам, овој конфликт се квалификува како меѓуетнички, но сè уште треба да се расчистат многу работи и тогаш да видиме што точно се случувало таму – изјави Тачи.

На новинарско прашање дали вооружената група во Куманово била терористичка или се работело за борци за човекови права, Тачи не даде одговор и рече дека ова прашање треба да му биде поставено на Ахмети.

– Јас не сум дел од институциите на државата ниту управувам со нив и затоа на оваа прес-конференција ќе бидам малку претпазлив, затоа што се работи за многу сериозна ситуација. Но, набргу ќе зборувам јавно и за состојбата и за Ахмети и за Заев и за Груевски и нема повеќе што да се крие, затоа што очигледно оваа ситуација не им оди во прилог на Албанците – изјави претседателот на ДПА.

Тој ги отфрли информациите дека во објавените телефонски разговори, зборувал со еден од припадниците на вооружената група, која дејствуваше во Куманово. Според него, станува збор за нови играчи на старо сценарио, исто како во 2001 година, кога тој и покојниот лидер на ДПА, Арбен Џафери, од одредени структури биле обвинувани дека тие го креирале воениот конфликт во 2001 година, иако друга албанска партија по завршуавањето на конфлитот дојде на власт.

З.Д.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени двајца руски новинари под обвинение дека работеле за фондацијата на Алексеј Навални

Двајца руски новинари се уапсени под обвинение за „екстремизам“, поради обвиненијата дека работеле за група основана од починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе Гардијан. Новинарите Константин Габов и Сергеј...