fbpx

Хан е длабоко разочаран, апелира на воздржаност

-

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во својата реакција по повод вчерашните случувања во Куманово, апелира да се врати смиреноста и целосно да се истражат настаните.

„Длабоко сум загрижен за состојбата во регионот на Куманово и за можните повредени и загинати. Апелирам до властите и до сите политички и лидери на заедниците да соработуваат, да ја вратат смиреноста и целосно да ги истражат настаните на објективен и транспарентен начин, според законите.
Апелирам до сите актери за најголема воздржаност. Секоја понатамошна ескалација треба да се избегнува, а тоа е од најголема важност и во интерес на целокупната стабилност во земјата“, се вели во реакцијата на Хан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...