fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните на Македонија треба заеднички да се справат со овие проблеми

-

„ВМРО-ДПМНЕ со голема загриженост ја следи безбедносната состојба, особено во Куманово, во населбата Диво Насеље. Навреме се осознаени и нашите органи навреме дејствуваат“, рече Антонио Милошоски на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата упатуваат апел до сите граѓани, без разлика на нивната етничка, верска или партиска определба, на воздржаност и на смиреност и во дејствувањето и во примањето какви било шпекулации или информација.

– Граѓаните на Македонија треба заеднички да се справат со овие проблеми и со овие безбедносни предизвици. Стабилноста на државата нема цена и сите фактори и домашни, меѓународни и политички чинители во Република Македонија и секој граѓанин на Република Македонија треба заеднички да работиме за стабилноста на нашата држава. Ваквото сценарио на дестабилизација или обид за дестабилизација не му одговара на никој разумен граѓанин, политичар, политичка партија или било која етничка заедница, напротив ова може да направи огромна штета на нашата заедничка држава Р.Македонија – рече Милошоски.

Тој, во името на ВМРО-ДПМНЕ, искажа поддршка за припадниците на безбедносните сили кои, како што рече, професионално, одговорно и решително ја извршуваат својата задача.

– Им поскауваме, храброст, прецизност и успех во завршувањето на оваа безбедносна мисија. Во безбедносните сили на Македонија имаме припадници и Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи и сите тие се подеднаво важно за нас – рече тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...