fbpx

Во Куманово уште се пука, се евакуира населението од подрачјето на акцијата

-

Жителите на Диво Насеље во Куманово се евакуираат, а полициската акција сè уште трае. Во населбата повремено се слушаат пукотници.

Приодот до населбата е затворен, освен за полициски и за возила на Брза помош.

Нема официјална информација за точниот број на повредени лица или за жртви, иако во соопштението на Амбасадата на САД беше изразено „сочувство за загинатите“.

Неофицијално се говори дека 20 повредни, од кои тројца потешко, припадници на безбедносните сили се наоѓаат на Клиничкиот центар во Скопје, каде е забранет влезот за медиумите и повредените се носат со хеликоптери и со амбулантни возила.

Вооружени полицајци ги чуваат влезовите на хируршките клиники.

Министеротот за здравство, Никола Тодоров, неколкупати ги посетил повредените.

Од кумановската болница засега има потврда само за четворица повредени, од кои тројца се пренесени во Скопје, а еден е задржан во болницата во Куманово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...