fbpx
Таг: Кривичен суд

таг: Кривичен суд

Деветнаесет години затвор за убиецот на медицинската сестра на Детска клиника

Кривичниот суд во Скопје денеска го осуди Никола Кузмановски на 19-годишна затворска казна поради убиството на медицинската сестра Дијана Здравковска, што се случи на 9 јануари 2015 година на потпокривот на Детската клиника во Скопје. Кузмановски, кој бил во љубовна врска со Здравковска, беше обвинет за убиство на бремено лице. Според обвинителниот акт, Здравковска починала како резултат на насилно задушување, откако...

Талески на распит во Кривичниот суд во Скопје за случајот „Транспортер“

Битолскиот градоначалник, Владимир Талески, претпладнево, околу 11 часот, се појави во Основниот суд Скопје 1, на распит пред судија на претходна постапка за случајот „Транспортер“. Талески, како што јавува „Плусинфо“, во судот дошол со адвокатот Никола Додовски, кој е бранител на повеќето високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, за кои СЈО има отворено кривични постапки и беа на распит пред судија на...

Нема мерки на претпазливост за Груевски, Јанакиески и Трајковски

Судијата на претходна постапка го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и не им одреди мерки на претпазливост на поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и на актуелниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, кои денеска беа на распит во Кривичниот суд, за случајот „ТНТ“. „Судија...

Јанакиески ги избегна новинарите по распитот во Кривичниот суд

Поранешниот министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески по денешниот распит во Кривичен суд, ги избегнал камерите и го напуштил судот од задната страна, јавува „novatv.mk.“ Јанакиески како и поранешниот премиер Никола Груевски и градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски беа повикани на распит кај судија на претходна постапка, откако Специјалното јавно обвинителство побара да им се изречат мерки за претпазливост...

Груевски: Не се чувствувам виновен, ниту планирам да ја напуштам државата

Поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по распитот пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје, на кој се задржа околу еден час, изјави дека не се чувствува виновен, додавајќи дека и во иднина очекува да има нови обиди за негово малтретирање и повикување во судот. Тој рече дека постапките на Специјалното јавно обвинителсто и...

Градоначалникот Трајковски на распит во Кривичниот суд

По поранешниот премиер Никола Груевски, на распит во Кривичниот суд дојде и градончаланикот на општина Гази Баба, Тони Трајковски. Актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски, и градоначалникот Трајковски се осомничени во случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство, за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во судот пристигнал со своите адвокати и со портпаролот на Владата, Александар Георгиев. Специјалното јавно...

Никола Груевски пристигна на распит во Кривичниот суд за случајот „ТНТ“

Поранешиот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, пристигна на распит пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд. Груевски е осомничен во случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство, за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во судот пристигнал со своите адвокати и со портпаролот на Владата, Александар Георгиев. Околу судот, како што јавува порталот „Нова...

Кривичен суд: Одлуката на Иванов ќе ја спроведеме штом ќе ја добиеме

Кривичниот суд сè уште не ја добил одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за поништување на аболицијата и во моментов не може да каже што ќе преземе во врска со случаите за кои беше запрена постапката поради помилувањата, велат од Основниот суд Скопје 1. „Секако по добивање на одлуката судот ќе постапува и ќе ја спроведе одлуката во согласност со законските...

Продолжува судењето за случајот „Диво Насеље“

Денеска во 10 часот, во големата сала на Врховниот суд, треба да продолжи судскиот процес за настаните во Диво Насеље во Куманово од 9 и од 10 мај лани. Претходното рочиште, кое беше закажано во вторник минатата недела, беше одложено бидејќи на новинарите и на адвокатите на обвинетите не им беше дозволено да влезат во салата на судот. Истиот ден, Кривичниот и...

Судскиот совет ќе ги испитува причините за одложувањето на судењето за „Диво Насеље“

Судскиот совет денеска соопшти дека ќе ги испита причините за вчерашното одложување на рочиштето за случајот „Диво Насеље, кога на новинарите и на адвокатите на обвинетите не им беше дозволен влез во големата сала на Врховниот суд, во која требаше да се одржи судењето. „Во согласност со својата законска надлежност да се грижи за угледот на судиите и да ја...

Врховен суд: Немаме никаква надлежност во организацијата на судењето за „Диво Насеље“

Врховниот суд попладнево преку соопштениe информира дека, во врска со денешното одложување на рочиштето на судскиот процес за „Диво Насеље“, тие немаат никаква надлежност за организацијата. „Заради вистинито и воедначено информирање на јавноста Ве известуваме дека Врховниот суд на Република Македонија и судската полиција на Врховниот суд на Република Македонија немаат никаква надлежност во однос на организацијата на ова судење кое...

Кривичен суд: Врховниот суд не ја испочитува одлуката за користење на големата сала

Кривичниот суд денеска, по одложувањето на рочиштетот за случајот „Диво Насеље“, соопшти дека Врховниот суд не ја испочитувал одлуката на Владата и планот за користење на големата сала во овој суд за протребите на овој судски процес. Од Кривичниот суд велат дека, по одлуката на Владата, од нивна страна биле направени сите адаптации на големата сала за одвивање на судскиот...

Денеска треба да продолжи судењето за настаните во Диво Насеље

Денеска во 10 часот, во големата сала на Врховниот суд треба да се одржи ново рочиште за случајот „Диво Насеље“ во кој се обвинети 29 лица за настаните во Куманово од 9 и 10 мај, минатата година. Судскиот процес, требаше да продолжи во петокот, минатата недела, но рочиштето беше одложено, бидејќи судијката, Верка Петковска, која го води предметот, беше на...

Судот им го продолжи куќниот притвор на Савески и Куновски од Левица

Кривичниот суд денеска им го продолжи куќниот притвор за уште 30 дена на членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, кои се обвинети за демолирање на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, на протестите против аболицијата од 13 април. Судскиот процес против Савески и Куновски на два пати беше одложуван, а следното рочиште е закажано за 31 мај. Тројца демонстранти,...

Кривичниот суд од 1 јуни воведува едношалтерски систем за потврди и уверенија

Сите уверенија и потврди од казнена и кривична евиденција од 1 јуни ќе се поднесуваат и издаваат на еден шалтер во зградата на Кривичниот суд, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1. „Уверенија дека не е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност, како и другите уверенија од прекршочната евиденција кои досега се поднесуваа и се издаваа во Одделот...

„Диво Насеље“ е одложенo бидејќи судијката била на боледување

Денешното рочиште за судскиот процес „Диво Насеље“ е одложено, бидејќи судијката која го води предметот. Верка Петковска, е на боледување, соопшти вториот судија во предметот Горан Бошевски. Следното рочиште е закажано за 31 мај, во вторник, во големата сала на Врховниот суд во 10 часот. По неколку одложени рочишта поради немање услови, судскиот процес повторно требаше да се врати во големата сала...

Судењето за „Диво Насеље“ повторно одложено

Судското рочиште за настаните во кумановската населба Диво Насеље кое требаше да продолжи денеска во 10 часот ќе биде повторно одложено, велат за „Мета“ од Кривичниот суд. Неофицијално дознаваме дека причина за одложувањето на рочиштето е отсуство на судијата кој го води предметот. Но, сепак причините за одложувањето официјално судот ќе ги соопшти во 10 часот. Денешното рочиште требаше да се...

Судијата на Јанкулоска од боледување замина на одмор

Судијата што го водеше случајот „Тврдина“ се вратил од боледување, на кое беше подолго време. Нему му се слоши на почетокот на април за време на распитот на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која е една од осомничените во случајот кој го отвори СЈО, потврдија за „Мета“ од Кривичниот суд. Сепак, иако е вратен од боледување, судијата не...

Условни казни за уште двајца демонстранти за демолирањето на канцеларијата на Иванов

Кривичниот суд на денешното рочиште им одреди условни казни на Никола Аризанов и Филип Наковски, кои беа обвинети дека учествувале во демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, за време на протестите против аболицијата на 13 април, оваа година. Аризанов и Наковски ја признаа вината за делото учество во толпа која ќе стори кривично дело. Тие додадоа дека на...

Условна казна за демонстрант поради демолирањето на канцеларијата на Иванов

Кривичниот суд денеска на студентот Борјан Ефтимов, кој е еден од демонстрантите обвинети за демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, му изрече условна казна од три месеци доколку во рок од една година не стори друго кривично дело. Пресудата, како што пренесува „Академик.мк“, е донесена откако Ефтимов ја признал вината за кривичното дело учество во толпа што ќе...