fbpx

Врховен суд: Немаме никаква надлежност во организацијата на судењето за „Диво Насеље“

-

Врховниот суд попладнево преку соопштениe информира дека, во врска со денешното одложување на рочиштето на судскиот процес за „Диво Насеље“, тие немаат никаква надлежност за организацијата.

„Заради вистинито и воедначено информирање на јавноста Ве известуваме дека Врховниот суд на Република Македонија и судската полиција на Врховниот суд на Република Македонија немаат никаква надлежност во однос на организацијата на ова судење кое се одржува во свечената сала на Врховниот суд, дадена на времено користење на Основниот суд Скопје 1 за период од 6 месеци, со одлука на Владата на Република Македонија. Ве информираме дека за сите Ваши прашања и нејаснотии треба да се обратите до Основниот суд Скопје 1 Скопје“, стои во соопштението на Врховниот суд.

Од Кривичниот суд претходно соопштија дека Врховниот суд не ја испочитувал одлуката на Владата и планот за користење на големата сала во овој суд за протребите на судски процес за случајот „Диво Насеље“.

Денешното рочиште за „Диво Насеље“ беше одложено откако на новинарите и на адвокактите на обвинетите не им беше дозволено да влезат во свечената сала на Врховниот суд.

Следното рочиште, како што соопшти обвинителката Вилма Русковска, по излегувањето од судот, е закажано за 6 јуни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...