fbpx

„Диво Насеље“ е одложенo бидејќи судијката била на боледување

-

Денешното рочиште за судскиот процес „Диво Насеље“ е одложено, бидејќи судијката која го води предметот. Верка Петковска, е на боледување, соопшти вториот судија во предметот Горан Бошевски.

Следното рочиште е закажано за 31 мај, во вторник, во големата сала на Врховниот суд во 10 часот.

По неколку одложени рочишта поради немање услови, судскиот процес повторно требаше да се врати во големата сала на Врховниот суд, која минатата недела со решение на Владата му беше отстапена на Кривичниот суд заради овој процес.

Судењето за случајот „Диво Насеље“ почна во оваа сала поради бројот на обвинети, односно вкупно 29 лица кои се товарат за кривичните дела тероризам и терористичка организација.

По неколку рочишта, Врховниот суд забрани овој случај да се суди во големата сала од безбедносни причини.

Според информациите, судскиот процес треба да почне од почеток откако обвинителството овој случај го спои со случајот „Молња“ во кои осум лица се обвинети за давање на логистичка поддршка за кумановската група во населбата Диво Насеље.

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...