fbpx
Таг: Кривичен суд

таг: Кривичен суд

Кривичниот суд и за време на феријата ќе работи на итни и на притворски случаи

Кривичниот суд во Скопје и за време на судската ферија, односно во периодот на летните одмори, од 15 јули до 15 август, ќе работи на итни предмети и на случаи во кои се бара притвор, велат за „Мета“ од судот. Оттаму појаснуваат дека судската ферија не значи дека во овој период судот воопшто не работи, туку дека поради годишните одмори,...

Шест и пол години затвор за возачот што ја усмрти студентката кај Универзална сала

Кривичниот суд денеска го прогласи за виновен и го осуди на казна затвор од шест години и шест месеци возачот кој во април минатата година ја прегази студентката Фросина Цековска на булеварот Партизански одреди во близина на Универзалната сала. Во несреќата, од ударот, Цековска почина на самото место. „Ценејќи ги сите материјални и вербални докази кои беа изведени во текот на постапката, вештиот...

Судот го одби барањето на СЈО за суспендирање на „Алфите“ од „Тортура“

Судијата го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство и не им одреди мерки на претпазливост на командантот на полициската едница „Алфа“, Ивица Антевски - Пуки, и на петтемина негови колеги осомничени во случајот „Тортура“, соопштија попладнево од Кривичниот суд. На судот му беа потребни речиси 24 часа да излезе со информација за исходот од распитот на шесттемина полицајци, кои вчера...

Итната помош дала „виза“ за рочиште за „Диво Насеље“, обвинетите немале повреди од ќотек

Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжи главната расправа од судскиот процес за настаните во Диво Насеље во Куманово, од 9 и од 10 мај минатата година, и покрај интервенцијата на екипа на Итната помош, која била повикана откако шестмина обвинети се пожалиле на здравстени проблеми и на повреди, кои, наводно, ги добиле при транспортот од затворите каде издржуваат притвор. Поради...

Седуммина обвинети во случајот „Чекан“ осудени на вкупно 53 години 6 месеци затвор

Кривичниот суд во Скопје на седуммина од обвинетите во случајот „Чекан“ им одредил вкупна затворска казна од 53 години и 6 месеци, соопшти денеска Јавното обвинителство. Полициската акција „Чекан“ беше спроведена во декември минатата година, во Гостиварско, а обвинетите се товареа за кривичните дела лихварство и изнуда. Највисоки казни, како што информираат од Обвинителството, им се изречени на Ф.А. и Ф.М....

„Тврдина“ останува кај Поп-Стефанија, Апелација ја одби жалбата на СЈО

Апелацискиот суд Скопје ја одбил жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на одлуката на претседателот на Кривичниот суд да не го прифати барањето за изземање на судијката Александра Поп-Стефанија од случајот „Тврдина“, соопштија денеска од судот. Второстепениот суд ја одбил жалбата на СЈО како неоснована и ја потврдил одлуката на Основниот суд Скопје 1. „Постапувајќи по жалба на Обвинителството за гонење...

Одложен распитот на командирот на „Алфи“ поради увид во доказите од „Тортура“

Распитот на шесттемина осомничени во случајот „Тортура“, меѓу кои е и командирот на полициската единица „Алфа“, Ивица Антевски - Пуки, кој беше закажан за денеска, е одложен бидејќи осомничените барале дополнително време за увид во доказите од предметот, соопшти Кривичниот суд. Судијата на претходна постапка, по согласнот на обвинителот на СЈО и на адвокатите на осомничните, кои биле присутни на...

ДУИ ќе поддржи формирање на специјално судско одделение за случаите на СЈО

Иницијативата за формирање специјално судско одделение за предметите што ги работи Специјалното јавно обвинителство доби поддршка од Демократската унија за интеграција (ДУИ). Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, во изјава за „Алсат М“ рече дека неговата партија во основа нема ништо против такво решение. „Ова е сериозна тема, која не може да биде прашање на медиумски разговори. Ако има таква волја, тоа...

Апелациja денеска на јавна седница ќе ја разгледува жалбата за притворот на Талески

Апелацискиот суд Скопје денеска на јавна седница ќе ја разгледува жалбата за куќниот притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески, поднесена од неговите адвокати, потврдија за „Мета“ од судот. Како што инфоромираат оттаму, седницата е закажана за денеска во 14 часот. Разгледувањето на предметот за Талески на јавна седница, велат од Апелацискиот суд, било на барање на одбраната на битолскиот градоначалник, која...

Нема притвор за Грујовски, Поп-Стефанија само му го одзеде пасошот

Судијката Александра Поп-Стефанија го одбила барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за притвор на првоосомничениот во случајот „Тврдина“, Горан Грујовски, и донела одлука на началникот на петтата управа на УБК да му биде одземен само пасошот, соопшти попладнево Основниот суд Скопје 1. „Судија на претходна постапка, постапувајќи по предлогот на Јавното обвинителство за гонење кривични дела кои се поврзани и...

Јанкулоска и Грујовски денеска на распит за „Тврдина“

Денеска во Основниот суд Скопје 1, на распит пред судија ќе излезат осомничените од случајот „Тврдина“. Судијката Александра Поп-Стефанија, во присуство на обвинител од Специјалното јавно обвинителство, денеска ќе ги сослушува осомничените Горан Грујовски, началник на петтата управа во УБК, Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи, која е веќе пристигната во судот, и уште тројца осомничени кои се товарат...

Предметот за куќниот притвор на Талески испратен во Апелација

Кривичниот суд денеска го испратил до Апелацискиот суд предметот за куќниот притвор на битолскиот градоначалник, Владимир Талески, кој е првоосомничен во случајот „Транспортер“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство, потврдија за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1. - Предметот е комплетиран и доставен до Апелацискиот суд - ни изјави портпаролката на судот, Паула Божиновска. За испраќање на предметот до Апелација се...

Судот чека доказ дека Талески го добил решението за куќен притвор

Кривичниот суд сè уште не го испратил предметот за битолскиот градоначалник Владимир Талески до Апелацискиот суд, иако, според најавите од судот, тоа требаше да се случи уште вчера. Од Основниот суд Скопје 1 велат дека жалбата на одбраната на Талески не е доставена бидејќи предметот сè уште не бил комплетиран. „Се чекаат доставници од битолската полиција за да се доуреди предметот....

Кривичниот суд ја доставил жалбата на Талески до Апелација, нема потврда дека е примена

Кривичниот суд денеска суд ја доставил до Апелацискиот жалбата на одбраната за куќниот притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески, потврдија за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1. Оттаму велат дека сè уште ја немаат добиено доставницата, односно потврдата од Апелацискиот суд дека ја добиле жалбата, но очекуваат тоа да се случи во текот на денешниот ден. Од Кривичниот суд уште еднаш...

ЛДП: МВР го опструира Кривичниот суд со решението за Талески

МВР врши опструкција за постапување по решение на Кривичниот суд, а со тоа не се почитуваат судските одлуки и се кочи правдата, оценија од ЛДП-Битола. „Битолчани и воопшто, македонските граѓани, четврти ден ја чекаат веста за тоа дали решението за куќен притвор на битолскиот градоначалник, Владимир Талески, изречено од Кривичниот суд, допатува во Битола или се „загуби“, иако е потврдено...

ВМРО-ДПМНЕ: Талески доби притвор под притисок на СДСМ

Судот потклекна на бескрупулозниот и отворен притисок на СДСМ, кој нема никаква врска со правдата и со почитувањето на законите, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на одлуката на Кривичниот суд да му одреди куќен притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој е првоосоменичен во случајот „Транспортер“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство. „Само неколку часа откако СДСМ се закани...

Апелација: Судењето за случајот „Пуч“ може да продолжи

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски, повторно ќе седнат на обвинителна клупа во случајот „Пуч“, откако Апелацискиот суд Скопје ја уважи нивната жалба на одлуката на Кривичниот суд за запирање на судската постапка, по аболицијата од страна претседателот Ѓорге Иванов од 12 април годинава. Покрај Заев и Верушевски, кој...

СЈО до судот: Барањето за притвор на Грујовски е во ред, вие го проблематизирате

Специјалното јавно обвинителство одговори на барањето на Кривичниот суд за доуредување на предлогот за притвор за Горан Грујовски, осомничен во случајот „Тврдина“, односно одредување мерки на претпазливост за другите четворица осомничени, меѓу кои е и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Судот во петокот побара од СЈО во рок од три дена да го доуреди предлогот, а во спротивност ќе ги...

Талески куртули од притвор, но остана без пасош

Судијата го одби барањето на СЈО за притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој денеска два часа беше на распит во Кривичниот суд, како првоосомничен во случајот „Транспортер“. Сепак, како што информираат од судот, на Талески му е одземен пасошот. „Во врска со предлогот за определување мерка притвор против осомничениот В.Т., кој е опфатен во предметот на Јавното обвинителство за гонење...

Заврши распитот, Талески на задна врата излезе од судот

Битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој е првоосомничен во случајот „Транспортер“, по двочасовен распит пред судија на претходна постапка, од задната врата го напушти Кривичниот суд во Скопје. Специјалното јавно обвинителство бараше од судот на Талески да му биде одреден притвор, но засега од судот нема информација дали на битолскиот градоначалник му е одредена некаква мерка за обезбедување присуство или, пак, ќе...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...