Апелација: Судењето за случајот „Пуч“ може да продолжи

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски, повторно ќе седнат на обвинителна клупа во случајот „Пуч“, откако Апелацискиот суд Скопје ја уважи нивната жалба на одлуката на Кривичниот суд за запирање на судската постапка, по аболицијата од страна претседателот Ѓорге Иванов од 12 април годинава.

Покрај Заев и Верушевски, кој е првообвинет, во случајот „Пуч“ обвинети се и неговата сопруга, Соња Верушевска, и Бранко Палифров, службеник во Општина Струмица.

Апелацискиот суд утврдил дека жалбата на обвинетите е основана и дека по поништувањето на аболицијата нема никакви правни пречки предметот да се врати на натамошно судење во Кривичниот суд.

„Апелацискиот суд Скопје до Основниот суд Скопје 1 достави решение со кое жалбата на обвинетите З.В., С.В., З.З. и Б.П., кои се дел од предметот КОК бр. 77 /15 ,во јавноста познат како „Пуч“, изјавена преку нивниот бранител, против решението на судијата за запирање на постапката за конкретниот предмет, се уважува и предметот се враќа на понатамошно постапување. Второстепениот суд утврдил дека Кривичниот суд не ги повредил одредбите од кривичното материјално и процесно право кога донел решение за запирање на постапката за конкретниот предмет бидејќи во времето на донесување на решението во правниот поредок егзистирала одлуката на претседателот на Република Македонија за помилување – ослободување од понатамошно гонење без спроведување постапка за обвинетите. Но, имајќи предвид дека со повлекување на аболицијата, односно одлуката на претседателот на Република Македонија за помилување – ослободување од понатамошно гонење, се поништуваат и правните последици кои настанале со донесување на одлуката и се воспоставуаат правните односи и состојби што постоеле пред донесување на овој акт, второстепениот суд постапувајќи по службена должност утврдил дека жалбата е основана и предметот се враќа на понатамошно постапување во првостепениот суд“, стои во соопштението на Основниот суд Скопје 1 за одлуката на Апелацискиот суд.

Предлог за укинување на решението на Кривичниот суд за запирање на кривичната постапка за случајот „Пуч“, со барање таа да продолжи понатаму, до Апелацискиот суд Скопје достави и Специјалното јавно обвинителство, во чија надлежност е овој предмет.

Четворицата обвинети во „Пуч“ се товарат за шпионажа, насилство врз преставници на највисоките државни органи, неовластено прислушување и за тонско снимање.

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на листата на...

Осуммина осомничени за престрелката во Чаир во која загина едно лице, по тројца од нив сè уште се трага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта...

Со концертни настапи се отвори новото медиумско јадро за независната музичка сцена – Стереолаб

Пред стотици поддржувачи на независната музичка сцена и со куси концертни настапи на неколкуте музички бендови, и на веќе докажани музичари и диџеи се отвори новото онлајн радио и медиумското јадро...

Децата во С. Македонија не примаат „секакви експериментални вакцини“, туку проверени и испитани

Не е точно дека децата во Македонија примаат „секакви експериментални“ вакцини, како што тоа сака да го прикаже објавата. Министерството за здравство на страницата за информации околу вакцините и задолжителната имунизација,...

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на...