fbpx

Апелациja денеска на јавна седница ќе ја разгледува жалбата за притворот на Талески

-

Апелацискиот суд Скопје денеска на јавна седница ќе ја разгледува жалбата за куќниот притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески, поднесена од неговите адвокати, потврдија за „Мета“ од судот.

Како што инфоромираат оттаму, седницата е закажана за денеска во 14 часот.

Разгледувањето на предметот за Талески на јавна седница, велат од Апелацискиот суд, било на барање на одбраната на битолскиот градоначалник, која ја обжали одлуката на Кривичниот суд.

Инаку, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 претходно го укина решението на судијата на претходна постапка со кое на Талески само му беше одземен пасошот и донесе одлука на битолскиот градоначалник да му биде одреден куќен притвор.

Талески куќниот притвор почна да го издржува од 20 јуни, кога битолската полиција почна со спроведување на решението на Кривичниот суд, а нивни екипи прават ненајавени посети во неговиот дом.

Битолскиот градоначалник е првоосомничен во случајот „Транспортер“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Тој заедно со уште 22 лица се товари за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, тешки 360.000 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...