fbpx

ЛДП: МВР го опструира Кривичниот суд со решението за Талески

-

МВР врши опструкција за постапување по решение на Кривичниот суд, а со тоа не се почитуваат судските одлуки и се кочи правдата, оценија од ЛДП-Битола.

„Битолчани и воопшто, македонските граѓани, четврти ден ја чекаат веста за тоа дали решението за куќен притвор на битолскиот градоначалник, Владимир Талески, изречено од Кривичниот суд, допатува во Битола или се „загуби“, иако е потврдено дека е пратено по факс. Изјавите од полицијата дека решението не стигнало на нивна адреса, јасно и недвосмислено покажуваат дека ВМРО-МВРО врши опструкција на судот и постапува за тесно-партиски и лични интереси на врхушката од власта“, стои во партиското соопштението.

ЛДП-Битола потсетува дека битолската полиција за два дена викна на распит 86 лица од „Шарената револуција“, поднесе 26 пријави, а лицето Владимир Талески четири дена не можат да го пронајдат.

„Решението за притвор е извршно решение, адвокатот на Талески потврдил дека го добил и го обжалил, така што оваа опструкција е незаконска. На крај, она што на сите им е јасно и очекуваме дека ќе се случи, е Владимир Талески итно да поднесе неотповиклива оставка на функцијата градоначалник и да ја ослободи Битола од неговото владеење“, порача ЛДП-Битола.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...