четврток, 22 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: случај Транспортер | 52 резултати

Жешка судска недела за Груевски, Заев и за Талески

25 септември 2017

Скопскиот Кривичен суд за оваа недела на распоредот има набиена агенда на рочишта за случаите „Тврдина 2“, „Поткуп“, „Шамари“ и „Транспортер“, кои предизвикуваат голем интерес во јавноста, а од кои три се по обвиненија поднесени од Специјалното јавно обвинителство. На обвинителната клупа треба да седнат лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ […]

Талески осомничен во случајот „Транспортер 2“, што го отвори ОЈО Битола

22 септември 2017

Основното јавно обвинителство Битола отворило случај под името „Транспортер 2“, во врска со тендер за превоз на ученици за учебната 2015/2106 година, во кој еден од осомничените е градоначалникот на Битола, Владимир Талески. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека СВР Битола,  постапувајќи по наредба на Обвинителството, поднел посебен извештај против битолскиот градоначалник и уште […]

Лидија Петровска ќе го суди Талески за „Транспортер“

20 јуни 2017

Судскиот процес за случајот „Транспортер“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство, а во кој првообвинет е битолскиот градоначалник Владимир Талески, ќе го води судијката Лидија Петровска, соопшти денеска Кривичниот суд во Скопје. Како што информираат оттаму, Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1 го одобрил обвинението што го поднесе Специјалното јавно […]

СЈО пред Велигден поднело обвинение против Талески за „Транспортер“

19 април 2017

Специјалното јавно обвинителство го поднело обвинителниот акт за случајот „Транспортер“, во кој првоосомничен, односно сега првообвинет, е актуелниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, кого СЈО го товари за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, тешки 360.000 евра, потврдија за „Мета“ од СЈО. Оттаму додаваат дека обвинителниот акт до Кривичниот суд – Скопје бил поднесен […]

Наградата „Жан Моне“ ја доби Владе Ѓорчев, неодамна починатиот новинар на „Мета“

14 декември 2016

Делегацијата на Европската Унија во Македонија годинешната награда „Жан Моне“ во категоријата за најдобар новинарски текст му ја додели на Владе Ѓорчев, неодамна починатиот новинар на „Мета“ . Годинешниот конкурс за наградата „Жан Моне“ беше на тема „Договорот од Пржино и потоа“, а Ѓорчев е награден за истражувачката сторија поврзана со истрагата за случајот „Транспортер“ […]

Илиевска со пародија за Талески на седницата на Советот на Општина Битола

25 октомври 2016

Со плакат со ликот на битолскиот градоначалник Владимир Талески и со натпис „Симбол за демократија и чесност“, советничката од ВМРО-НП, Габриела Илиевска, на денешната седница на Советот на Општината направи пародија за работата на градоначалникот. Советот денеска требаше да одлучува за тоа каде да се постават плакати за предвремените парламентарни избори и како да се користат […]

Врховниот суд ја прифати жалбата на СЈО, притворот на Талески повторно пред Апелација

7 октомври 2016

Апелацискиот суд Скопје повторно ќе одлучува за куќниот притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески. Врховниот суд ја прифати жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и го укина решението на Апелацискиот суд, па го врати предметот на повторно одлучување. „Во Врховниот суд на Република Македонија е заведен предмет Вкж 1 бр.21/2016 по повод жалба против решението на Апелацискиот […]

Талески се врати на работа четири дена по укинување на притворот

23 септември 2016

Четири дена од укинувањето на мерката куќен притвор, градоначалникот на Битола, Владимир Талески, осомничен од СЈО за криминал со школскиот превоз, се појави на своето работно место. По три месеци минати во куќен притвор, извори од Општината потврдуваат дека по 10 часот Талески дошол во својот кабинет и веднаш свикал состанок со дел од вработените. […]

СЈО ја обжали одлуката на Апелација – ист судија не може двапати да одлучува

20 септември 2016

Специјалното јавното обвинителство соопшти дека поднело жалба до Врховниот суд – Скопје бидејќи одлуката на Апелацискиот суд – Скопје за одбивање на барањето за продолжување на притворот за осомничениот во случајот „Транспортер“, Владимир Талевски, ја донел судија кој претходно одлучувал за истиот предмет. „Во жалбата укажавме на суштествени повреди на Законот за кривичната постапка, односно […]

Апелација го укина притворот за Талески, му наложи двапати неделно да се пријавува во суд

19 септември 2016

Наместо куќен притвор, со денешното решение на Апелацискиот суд, градоначалникот на Битола, Владимир Талески, доби мерки за претпазливост, соопштија од Основниот суд Скопје 1. Талески двапати неделно, секој работен понеделник и петок, ќе треба да се пријавува кај овластено лице во Основниот суд Битола. „Апелацискиот суд Скопје попладнево достави решение со кое жалбата на осомничениот […]

Судовите се прогласија за ненадлежни за потписите на Талески од притвор

16 септември 2016

Апелацискиот суд Скопје вели дека е ненадлежен да даде мислење за тоа дали битолскиот градоначалник, Владимир Талески, од куќен притвор може да потпишува службени документи. Ова стои во одговорот што од судот ѝ го испратиле на советничката во Општина Битола, од ВМРО-Народна партија, Габриела Илиевска, која побара мислења од судовите и од Собранието за работењето […]

 ЛДП: „Еразмус“ ги потврди двојните аршини на македонското правосудство

14 септември 2016

Либерално-демократската партија денеска преку соопштение го повика македонското правосудство да ги применува правдата и законите еднакво за сите. Од ЛДП велат дека случајот „Еразмус“ ги потврдил двојните аршини на македонското правосудство. „По барање на Јавното обвинителство, Кривичниот суд Скопје денеска донесе одлука да им забрани на четворица осомничени професори од Економскиот факултет да продолжат да […]

Талески од куќен притвор распишал конкурс за директор на ЈКП „Нискоградба“

8 септември 2016

Битолскиот градоначалник Владимир Талески, од куќен притвор распишал конкурс за избор на директор на Јавното комунално претпријатие „Нискоградба“ од Битола. На интернет-огласникот „Најди работа“ на 3 септември е објавен оглас под број 670323, во кој стои дека градоначалникот на Општина Битола распишува јавен конкурс за избор на директор на ЈКП „Нискоградба“, Битола. Огласот трае до […]

Притворски последици: Општината бега од новиот тендер за школски превоз во Битола

31 август 2016

Нов скандал ја тресе Битола со бесплатниот превоз на ученици, кој треба да се организира за новата учебна година. Наместо Општината, како што беше досегашната практика, сега локалната самоуправа бара тендерот за бесплатниот школски превоз да го организира средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“. Ова е преседан што може да предизвика големи проблеми во наставата, сметаат […]

СЈО да се изјасни дали градоначалникот Tалески има право на потпис од притвор

30 август 2016

Битолските советници денеска на седница на Совет расправаат за кварталниот извештај за извршување на буџетот за 2016 година, потпишан од градоначалникот Владимир Талески. Откако градоначалникот го предложил буџетот, сега од дома бара извештај како тој се извршува, потврдуваат службите на Општина Битола. Опозициските партии во Советот побараа оваа точка да се повлече од дневниот ред […]

Судот му го продолжи притворот на Талески, а Апелација ја одби жалбата на адвокатите

19 август 2016

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска на барање на Специјалното јавно обвинителство му го продолжи куќниот притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески за нови 30 дена, соопштија попладнево од судот. Од судот, покрај продолжувањето на притворот, информираат и дека Апелацискиот суд Скопје ја одбил жалбата на одбраната на Талески за продолжувањето на притворот […]

СЈО побара продолжување на куќниот притвор на градоначалникот Талески

19 август 2016

Специјалното јавно обвинителство денека од Кривичниот суд во Скопје побарало продолжување на куќниот притвор на битолскиот градоначалник, Владимир Талески за нови 30 дена, потврдија за „Мета“ од СЈО. Ова е второ барање на СЈО за продолжување на притворот на Талески, кој му истекува утре. Мерката куќе притвор битолскиот градоначалник, кој е првоосомничен во случајот „Транспортер“ […]

НСДП се сомнева дека притворот на Талески се спроведува според закон

19 август 2016

Општинската организација на НСДП од Битола се сомнева и изразува сериозна загиженост за тоа дали куќниот притвор на битолскиот градоначалник, Владимир Талески, првоосомничен во случајот „Транспортер“, се спроведува според закон. „Со оглед на признанието на осомничениот Владимир Талески дека и покрај мерката куќен притвор тој и понатаму раководи и потпишува документи, а постои опасност осомничениот […]

За притворениот Талески, Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска се „некои двајца луѓе“

18 август 2016

„Некои двајца луѓе“. Вака денеска битолскиот градоначалник, Владимир Талески ги нарече поранешните министри за финансии и за внатрешни работи и негови сопартијци, Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска, кои во еден од прислушуваните разговори зборуваат за случајот со превозот на ученици во Битола и „скандалот“ што го направил градоначалникот. – Ќе повторам дека не може од […]

Истражители на СЈО проверуваат дали Талески од куќен притвор потпишува документи

12 август 2016

Тројца истражители на Специјалното јавно обвинителство утрово пристигнале во Општина Битола, каде како што дознаваме, треба да извршат увид во врска со спроведувањето на куќниот притвор врз градоначалникот Владимир Талески. Од Специјалното јавно обвинителство за „Мета“ потврдуваат дека нивните истражители се во Општината. Оттаму велат дека тие се таму за да проверат дали евентуално има […]

Страна 1 од 3