fbpx

Падна старата куќа подарок од Жан Митрев за Општината Штип

-

Силен трескот ги разбуди жителите на штипско Ново Село изутрината околу седум часот, по уривањето на една од четирите стари куќи подарени од кардиохирургот Жан Митрев. По првиот трескот се слушнал уште еден послаб. Две третини од куќата целосно се урнаа. Старите греди, сведочат новоселци, се закануваа на минувачите, кои во тоа време се движеа кон Градски гробишта за празникот Духовден. Една од гредите завршила на лозницата на соседната куќа. За среќа, нема повредени.

Куќата почна да паѓа лани во октомври по поројните дождови. Жителите на Ново Село побара Општината да ја урне распадната куќата на која е сопственик. Општината Штип е во неколкумесечно исчекување на донатор или да помине проектот поред Европската Унија за реконструкција на четирите стари куќи. Меѓутоа, граѓаните велат дека тоа не ја попречува Општината да ги урне руинираните куќи на чии места треба да се градат нови, во истиот автентичен стил. Општината тогаш соопшти дека со месеци чека дозвола за уривање од Управата за заштита на културното наследство, поради тоа што куќите се заштитено културно богатство. Богатството, во случајот, можеше да чини човечки животи.

По уривањето на куќата, попладнето шутот беше расчистен, улицата оспособена за минување, но граѓаните на Ново Село останаа без одговор на прашањата кога Општината ќе поведе сметка за руинираните куќи пред да се случи полошо.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...