fbpx

Кривичниот суд и за време на феријата ќе работи на итни и на притворски случаи

-

Кривичниот суд во Скопје и за време на судската ферија, односно во периодот на летните одмори, од 15 јули до 15 август, ќе работи на итни предмети и на случаи во кои се бара притвор, велат за „Мета“ од судот.

Оттаму појаснуваат дека судската ферија не значи дека во овој период судот воопшто не работи, туку дека поради годишните одмори, обемот на работа на судот е намален.

– Судската ферија се однесува на периодот на годишните одмори кога поголем дел од граѓаните ги користат поради што оние кои се јавуваат како странки во судот се спречени да присуствуваат на судења. Што се однесува до нашиот суд (Кривичен суд н.з.) судиите и вработените, во согласност со законските одредби, користат годишни одмори според претходно направен распоред. Заради намалениот обем на странки во овој период, се работи само на итни и на притворски предмети – велат од судот.

За итни предмети, инаку, вообичаено се сметаат случаите во кои се инволвирани странски државјани, како и предмети за кои обвинителствата можат да побараат неодложно спроведување на постапката.

Според судот, за време на летните одмори во судот секогаш има дежурен судија на претходна постапка и дежурен кривичен совет.

Во врска со судењето за „Диво Насеље“, од судот велат дека за овој предмет рочишта се закажани за цел јули. Последното е на 28 јули, кога судечкиот освет и адвокатите ќе треба да се договорат кога ќе продолжи главната расправа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...