fbpx

ДУИ ќе поддржи формирање на специјално судско одделение за случаите на СЈО

-

Иницијативата за формирање специјално судско одделение за предметите што ги работи Специјалното јавно обвинителство доби поддршка од Демократската унија за интеграција (ДУИ). Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, во изјава за „Алсат М“ рече дека неговата партија во основа нема ништо против такво решение.

„Ова е сериозна тема, која не може да биде прашање на медиумски разговори. Ако има таква волја, тоа треба да помине институционално, првин преку разговори на релевантните партии потписнички на Договорот од Пржино. Ако во тие преговори се отвори таа иницијатива, ДУИ принципиелно е за формирање канцеларија или посебен оддел што ќе се занимава со случаите на СЈО“, вели Османи.

Идејата за специјално одделение во Кривичниот суд првично ја промовираа повеќе припадници на академската заедница. Кога судот почна едно по едно да ги одбива барањата за притвор на Катица Јанева, идејата доби и поширока поддршка во јавноста и стана и едно од барањата на „Шарената револуција“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...