fbpx

Судењето за „Диво Насеље“ повторно одложено

-

Судското рочиште за настаните во кумановската населба Диво Насеље кое требаше да продолжи денеска во 10 часот ќе биде повторно одложено, велат за „Мета“ од Кривичниот суд.

Неофицијално дознаваме дека причина за одложувањето на рочиштето е отсуство на судијата кој го води предметот. Но, сепак причините за одложувањето официјално судот ќе ги соопшти во 10 часот.

Денешното рочиште требаше да се одржи во големата сала на Врховниот суд.

По неколку одложени рочишта поради немање услови, судскиот процес повторно требаше да се врати во големата сала на Врховниот суд, која минатата недела со решение на Владата му беше отстапена на Кривичниот суд заради овој процес.

Судењето за случајот „Диво Насеље“ почна во оваа сала поради бројот на обвинети, односно вкупно 29 лица кои се товарат за кривичните дела тероризам и терористичка организација.

По неколку рочишта, Врховниот суд забрани овој случај да се суди во големата сала од безбедносни причини.

Според информациите, судскиот процес треба да почне од почеток откако обвинителството овој случај го спои со случајот „Молња“ во кои осум лица се обвинети за давање на логистичка поддршка за кумановската група во населбата Диво Насеље.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...