fbpx
Таг: Кривичен суд

таг: Кривичен суд

СЈО бара од судот да го замрзне имотот на битолскиот градоначалник

Специјалното јавно обвинителство побрало од Кривичниот суд во Скопје замрзнување на имотот на неколку лица осомничени во случајот „Транспортер“, меѓу кои и градоначалникот на Битола, Владимир Талески, потврдија за „Мета“ од СЈО. Оттаму велат дека во тек е постапката што СЈО ја најави на прес-конференцијата на 14 април, кога беше отворен случајот „Транспортер“ за злоупотреби со превозот на ученици во Битола. - Во...

Продолжен куќниот притвор на Савески и на уште двајца демонстранти за нови 30 дена

За нови 30 дена им е продолжен куќниот притвор на членот на президиумот на Левица, професорот Здравко Савески, и на уште двајца демонстранти приведени по протестите во Скопје против одлуката за аболиција на функционери и на нивни блиски соработници што ја донесе претседателот, Ѓорге Иванов, објави „СДК“. На Савески, Владимир Куновски, кој е член на Левица, и на Борјан Ефтимов, член...

Осомничените во „Молња“ негираат дека биле логистика на кумановската група

Осумтемина осомничени во случајот „Молња“ на денешната јавна седница за оцена на обвинителниот акт, која се одржа во Кривичниот суд во Скопје, се изјасниле дека не се чуствуваат виновни по наводите за кои ги товари Обвинителството, односно дека биле логистика на групата што ја нападна караулата Гошинце и учестуваше во настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од...

Кривичниот суд ја запре постапката за случајот „Поткуп“

Кривичниот суд во Скопје донел одлука со која ја запрел постапката за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев, потврди судот. Судијката Даниела Груевска-Илиевска, која го водеше предметот, одлуката ја донела по добивањето на одлуката на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за помилување на Заев. - По добивањето на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов, судијата донесе одлука...

Пејковски: Судијата од „Ровер“ се меша во работењето на затворот

Директорот на затворот „Идризово“, Живко Пејковски, денеска преку соопштение реагира дека судијата што го води предметот за случајот „Ровер“, Илија Трпков, во кој еден од обвинетите е и Љубе Бошкоски, излегува од своите надлежности и „директно се меша во работењето на затворската управа“. На денешото рочиште, судијата Трпков рече дека нема никакви законски пречки Бошкоски предвреме да биде пуштен од затворот...

Апелацискиот суд го укина ослободувањето, Тренкоски пак ќе оди на суд

Апелацискиот суд - Скопје, по разгледувањето на жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, донел одлука со која го укинал ослободувањето од обвинение на поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Георги Тренковски, и на Весна Огненоска и предметот го вратил на повторно судење, соопшти денеска Основниот суд - Скопје 1. Според упатствата на Апелација, повтореното судење ќе го води целосно...

Манчевски: Случајот „Тврдина“ е доказ дека немало сечени, лепени и монтирани снимки

Настаните од вчера се најдобар доказ дека немало странски служби, немало жолти комбиња, немало сечени, лепени и монтирани снимки, изјави денеска потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски запрашан за коментар за вчерашната прес-конфереција на Специјалното јавно обвинителство за случајот „Тврдина“. - Вчерашните настани се најдобар доказ дека Никола Груевски постојано и цело време лаже. Вчерашните настани се најдобар доказ дека сите...

Судот му одреди 30 дена притвор на Горан Грујовски, првоосомничениот во „Тврдина“

Кривичниот суд го прифати барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и му одреди мерка притвор од 30 дена на првоосомничениот во случајот „Тврдина“, началникот на Петтата управа на УБК, Горан Грујовски, официјално потврди Основниот суд Скопје 1. „Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои...

Ристовска: Одбивањето на барањето за претрес е преседан во правосудната практика

Одлуката на судијата да го одбие барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за претрес во домот на првоосомничениот во случајот „Тврдина“, началникот на Петтата управа на УБК, Горан Грујовски е преседан во правосудната практика, рече обвинителката на СЈО, Ленче Ристовска на денешната прес-конференција. Според Ристовска, досега не се случило судија на претходна постапка да одбие вакво барање на обвинителствата. - Што...

Продолжува јавната седница за оценување на обвинителниот акт за случајот „Ќелија“

Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува јавната седница за оценување на обвинителниот акт за случајот „Ќелија“. На првата јавна седница, шест од вкупно 11 осомничени рекоа дека се чувствуваат виновни и побараа во спогодба со јавниот обвинител да им биде определена казната. Судот му даде рок од две недели на Обвинителството за гонење на организиран криминал да постигне спогодба за...

Приведени братот и сестрата на Захир Бекири-Чауш за случајот „Фабрика за лични карти“

Утрово во полициска акција биле приведени братот и сестрата на Захир Бекири, познат под прекарот Чауш, против кого Основното јавно обвинителство Скопје кон крајот на минатата година отвори постапка за т.н. случај „Фабрика за фалсификувани лични карти и пасоши“, пишува порталот „Нова ТВ“, повикувајќи се на свои извори. Според информациите на порталот, двајцата се наоѓаат во полициската станица Кисела Вода,...

Рочиштето за „Диво Насеље“ затворено за јавноста, искази ќе даваат заштитени сведоци

Денеска во 10 часот во Кривичниот суд во Скопје продолжува судскиот процес за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, за кои се обвинети 29 лица и кои се товарат за кривичните дела тероризам и терористичка организација. Денешното рочиште, како што информираат од судот, ќе биде затворено за јавноста бидејќи искази ќе даваат заштитени...

Шестмина обвинети во случајот „Ќелија“ ја признаа вината

На денешната јавна седница за оцена на обвинителниот акт за случајот „Ќелија“, шестмина од вкупно 11 обвинети кои се товарат дека врбувале и индоктринирале македонски државјани за учество во паравоените структури на Исламска држава, ја признаа вината. Првоосомничениот, оџата Реџеп Мемиши, потоа Фазли Суља, Мухамед Шеху, Сејфула Едемовски, Ахмет Дарлишта и Ресуљ Саити, како што пренесува „Академик.мк“, се изјасниле дека...

СЈО во Батинци барало докази за носење гласачи од Пустец

Мунир Пепиќ, вработен во полициската станица Центар, според засега непотврдени информации, е осомничениот во случајот „Титаник“ во чиј дом во Батинци на барање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) бил извршен претрес. Од СЈО освен потврдата дека утрово е спроведена полициска акција, сè уште нема официјални информации дали нешто е пронајдено и дали има приведени лица. Според првичните информации, станува збор за...

Денеска треба да продолжи судењето за „Диво Насеље“, рочиштето – неизвесно

Денеска во Кривичниот суд во Скопје, во 10 часот, треба да продолжи судењето за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, но неизвесно е дали ќе се одржи рочиштето бидејќи адвокатите на обвинетите бараат поголема судница. Претходното рочиште, на 2 март, беше одложено откако неколкумина адвокати ја напуштија судницата, со образложение дека судот не...

Заев денеска пак пред суд, продолжува процесот за случајот „Поткуп“

Денеска во Кривичниот суд во Скопје во 10 часот треба да се одржи рочиштето за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев. Заев, како градоначалник на Струмица, се товари дека побарал поткуп од 163.924 евра од струмички бизнисмен за легализација на државно земјиште. Според адвокатот на одбраната, Филип Медарски, поткупот не е примен,...

Кривичниот суд бара просторија надвор од судот за рочиштето за „Диво Насеље“

Кривичниот суд попладнево преку соопштение ги демантираше тврдењата на дел од адвокатите на обвинетите во случајот „Диво Насеље“, дека судот не обезбедил услови за водење на постапката, поради што дел од нив го напуштија денешното рочиште. Оттаму велат дека поради неможноста да ја користат салата на Врховниот суд, главната расправа за предметот се одржува во големата сала на Основниот суд...

Кривичниот суд одговори: Ние не сме фотокопирница за класифицирани списи

Ниту судот одолговлекува, ниту избегнува, ниту бега да ја утврди правдата, основна уставна и законска обврска на судот е токму извршувањето на таа функција, а причините за досегашното одложување на оваа постапка се познати на јавноста, се вели во реакцијата на Кривичнот суд по одложувањето на денешното рочиште за случајот „Пуч“. „Нејасна и тенденциозна е изјавата во јавноста дека судот...

Јанева бара, a судот не дава копии од списи и докази за „Пуч“

Судијата што го води случајот „Пуч“, во кој меѓу обвинетите е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги одбил барањата на Специјалното јавно обвинителство да им бидат доставени копии од списи и електронски докази. Во образложението на ваквата одлука од судот велат дека со нивно доставување би била направена повреда на обврската за чување на класифицирани информации бидејќи државните институции што ги...

Заврши распитот на Гордана Јанкулоска во Кривичниот суд

Заврши неколкучасовниот распит во Кривичниот суд на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Ниту таа, ниту нејзиниот адвокат Никола Додевски не сакаа пред новинарите да коментираат за исходот од распитот. Судијата треба да одлучи дали ќе го прифати или отфрли барањето на Специјалното јавно обвинителство и дали ќе одреди мерка притвор или не. Претходно на распит беа и поранешниот министер за...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...