По поранешниот премиер Никола Груевски, на распит во Кривичниот суд дојде и градончаланикот на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски, и градоначалникот Трајковски се осомничени во случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство, за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во судот пристигнал со своите адвокати и со портпаролот на Владата, Александар Георгиев.

Специјалното јавно обвинителство вчера соопшти дека од судот бара да им бидат одредени мерки на претпазливост на Груевски, на поранешниот министер за транспрот и врски, Миле Јанакиески, и на актуелниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.