fbpx

Кривичен суд: Одлуката на Иванов ќе ја спроведеме штом ќе ја добиеме

-

Кривичниот суд сè уште не ја добил одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за поништување на аболицијата и во моментов не може да каже што ќе преземе во врска со случаите за кои беше запрена постапката поради помилувањата, велат од Основниот суд Скопје 1.

„Секако по добивање на одлуката судот ќе постапува и ќе ја спроведе одлуката во согласност со законските надлежности. Што се однесува до постапките на гонење одредени лица што беа опфатени со аболицијата, а кое гонење беше почнато од Специјалното јавно обвинителство и прашањето дали иститите ќе продолжат, ве известуваме дека судот не е орган надлежен да гони, па за сите прашања ве упатуваме да се обратите токму до Обвинителството кое го почнало гонењето“, велат од судот.

Во врска со службеникот во МВР, Зоран Костовски, кому по аболицијата му беше запрено издржувањето на затворската казна на која беше осуден за случајот „Пуч“, од Кривичниот суд информираат дека по добивањето на одлуката на Иванов за повлекување на аболицијата, доколку таква е донесена, таа ќе биде доставена до судија за извршување санкции.

„За предметот во јавноста познат како „Транспортер“ и барањето на СЈО за замрзнување на имот на одредени лица кои се опфатени во овој предмет, ве информираме дека до Кривичниот суд сè уште не доставено барање за оштета спрема трето лице согласно законските одредби од страна на надлежното обвинителство и барањето сè уште не е уредено како би постапувал судот“, велат од Кривичниот суд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...