fbpx
Таг: Крешник Бектеши

таг: Крешник Бектеши

Патот од Тетово – Попова Шапка се реконструира, а за иднината на ски-центарот ќе се знае до 20 октомври

Интензивно се работи на реконструкција на патот од Тетово - Попова Шапка, а се очекува до крајот на септември оваа делница долга 18,2 километри да биде целосно реконструирана. Ова беше истакнато од министерот за економија Крешник Бектеши кој заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов и градоначалничката на Општина...

ЕЛЕМ: Жичарата со шест седишта на Попова Шапка ќе биде готова идната сезона

Годинава навршија  пет години од ветувањето за изградба на новата жичара со шест седишта во Попова Шапка. Иако првиот договор за изградба на жичарата бил потпишан на 10 март 2014 година,  таа се уште не е целосно изградена и не е ставена во функција. Повторно како што се ветуваше пет години по ред, се ветува дека жичарата ќе биде...

Бектеши: Историски рекорд на странските инвестиции со 624,5 милиони еврa лани

Министерот за економија Крешник Бектеши, информираше дека странските директни инвестиции лани изнесувале 624,5 милиони евра, наспроти 181,7 милиони во 2017 година, што претставува зголемување од 244 проценти. „Ова е историски рекорд на СДИ во Република Северна Македонија од осамостојувањето на државата до денес. Само во четвртиот квартал од 2018 тие изнесуваа 311,3 милиони евра, во споредба со 167,9 милиони евра...

Заев: Tочно е дека има партиски вработувања, но поголем дел се бираат на конкурси

Премиерот Зоран Заев на денешното отворање на салата за јавни услуги „Една точка за услуги” на новинарско прашање во врска со партиските вработувања рече дека на граѓаните гледа како еднакви и рамноправни. - Ние не можеме да ги ограничиме младите луѓе кои членуваат и не членуваат во партија. Но етичкиот основ, јавноста го доловува. Не само законот туку и етичкиот...

Македонија и Косово заеднички ќе аплицираат за грантови за гасификација на двете држави

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска беше домаќин на делегација од Република Косово предводена од министерот за економски развој, Валдрин Лука. Бектеши ги претставил актуелните енергетски проекти и можностите за заедничка соработка со косовската страна. Косовскиот министер Лука изразил интерес за проектот за гасификација, бидејќи со него се отвара можност за развој на оваа мрежа во двете држави. Тој порача...

Стартуваше вториот јавен повик за субвенционирање печки на пелети

Министерот за економија Крешник Бектеши на прес конференција соопшти дека од денеска стартува вториот јавен повик за надомест на дел од трошоците за купување на печки на пелети, со кои домаќинствата  ќе ги заменат старите печки на јаглен, дрва, нафта или мазут. Парите, седум милиони денари (речиси 114.000 евра), се обезбедени со ребалансот на државниот буџет. - Со ова ќе придонесеме...

Уставниот суд најави поништување и на гевгелискиот референдум против рудниците

Уставниот суд на седницата одржана на 31 октомври донесе одлука за поведување на постапка за поништување на одлуката на Советот на општина Гевгелија за распишување на референдум за рудниците на Кожуф, информираат за „Мета“ од Уставниот суд, појаснувајќи дека одлуката допрва треба да биде објавена на официјалната веб-страница на Судот. Оттаму напоменуваат дека во најскоро време ќе се одлучува по...

УСАИД и Владата потпишаа меморандуми за енергетските реформи

Со новите меморандуми потпишани денеска меѓу Владата, Министерството за економија и Меѓународната агенција на САД за развој (УСАИД), како и помеѓу Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и УСАИД, за „Проектот за развој на регионални енергетски пазари – поддршка на реформите во секторот енергетика“, ќе се овозможи подобра иднина на енергетскиот сектор во Македонија, порача вицепремиерот за економски прашања, Кочо...

Македонија и Албанија потпишаа договор за соработка во гасификацијата

Македонски енергетски ресурси АД Скопје и АЛБГАЗ од Тирана потпишаа Меморандумот за разбирање за воспоставување и развивање на деловна соработка за развој на преносните мрежи на природен гас во двете земји. На потпишувањето на меморандумот присуствуваа министерот за економија Крешник Бектеши и албанскиот министер за енергетика Дамјан Ѓикнури. - Денешниот Меморандум е чекор напред за развој на билатерално стратешко партнерство во секторот за природен гас,...

Бектеши: Македонија ќе воспостави заедничка царинска контрола и со Албанија

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека Македонија ќе воспостави „one stop shop“ за заедничка гранична контрола и со Албанија, а целта според него е зголемување на трговската соработка помеѓу двете земји. - Македонија е целосно посветена на зголемување на соработката со државите од регионот, на основање заедничка економска зона, со што ќе се зголеми конкурентноста на нашите компании...

Бектеши: Еден милион туристи ќе ја посетат Македонија, предвреме ќе ја оствариме целта

Според последните податоци  што вчера ги објави Државниот завод за статистика, зголемувањето на бројот на туристи продолжува во континуитет, па наместо до 2020 година, како што прогнозиравме, ние сме на прагот предвреме да ја оствариме зацртаната цел, годинава да оствариме еден милион туристи со три милиони ноќевања, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши. Според Бектеши, учеството на туризмот во домашниот бруто-производ (БДП)...

Бектеши: Косово целосно ја повлече одлуката за зголемени царини

Косовската Влада во целост ја укина одлуката за зголемени царини, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.Тој додаде дека одлуката треба да се спроведе од утре, откако претходно косовските власти ќе испратат официјално писмо до нивните царински служби. - На владината седница на косовската Влада, биле земени предвид аргументите што беа изнесени од македонската страна на петочната средба во Приштина - рече Бектеши. Тој...

Бектеши: За најскоро време очекуваме взаемно прифатливо решение со Косово

По средбата помеѓу министерот за економија Крешник Бектеши и косовскиот министер за трговија и индустрија Бајрам Хасани, забелешките за комплетно отстранување на заштитната мерка за повисока царина на одредени земјоделски производи, треба да се најдат пред косовската Влада. Иако мерката е делумно повлечена за поголем број производи, односно од 21, остана на сила за само седум сезонски производи за доматите,...

Бектеши од Хасани денеска ќе бара целосно укинување на царината од Косово

Mинистерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе се сретна со косовскиот колега Бајрам Хасани за повлекување на царините за земјоделските производи кои останаа неопфатени со одлуката на косовската Влада. „Во име на досегашната успешна трговска и, воопшто, економска соработка со Република Косово се надевам дека ќе најдеме заеднички јазик со мојот косовски колега, а дека средбата ќе резултира со решение...

МЗШВ очекува целосно повлекување на одлуката на Косово

Разговорите кои Владата и надлежните министерства ги водеа со Косово во изминатиот период вродија со плод, Приштина веќе ја повлече зголемената царина за дел од производите, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). „Утре, министерот за економија Крешник Бектеши, ќе се сретне со неговите колеги во Косово каде ќе се бара решение и надминување на проблемот. Сите досегашни...

Бектеши од косовскиот колега ќе бара укинување на царината за сите производи

Mинистерот за економија Крешник Бектеши најави состанок со неговиот косовски колега Бајрам Хасани, в петок на 27 јули. Производи кои останаа неопфатени со одлуката на косовската Влада за повлекување на мерките се доматите, пиперките, јаболката, крушите, сливите, малините и грозјето. „Во име на досегашната успешна трговска и, воопшто, економска соработка со Република Косово се надевам дека ќе најдеме заеднички јазик...

Бектеши: Со Косово ќе соработуваме на проекти за користење на ИПА-фондовите за туризам

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари средба со министерот за регионален развој на Република Косово, Расим Демири. Главна тема на средбата биле националните политики за економски рамномерен регионален развој и можностите за поголема примена и фондовите на ЕУ во насока на побрз регионален развој. - Особено беше ставен акцент на проектите од значење на двете земји, како што е Шапка –...

Министерството за економија промовираше апликација „Посети ја Македонија“

Министерство за економија ја промовираше апликацијата „Посети ја Македонија“ (visitmacedonia). Министерот Крешник Бектеши изјави дека апликацијата ги следи светските трендови за дигитализација и иновации во туристичката промоција, а има за цел да го привлече вниманието на туристите, посебно на транзитните. „Нивната бројка не е за занемарување, само по Коридорот 10 низ нашата земја транзитираат во просек по 3,5 милиони туристи. Ако им...

Промовирана Индустриска стратегија за раст на производствениот сектор

Денеска беше промовирана Индустриска стратегија која произлезе од проектот „Ревизија на индустриската политика 2009-2020“, финансиран од Делегацијата на ЕУ и имплементиран од Министерството за економија. Стратегијата, според министерот за економија Крешник Бектеши е во согласност со принципите на европските добри практики и е клучна економска основа на земјава во преговорите за пристапување со ЕУ. - Фокусот во Стратегијата е ставен на...

Субвенции за годишен одмор добиле 1.300 работници со ниски примања

Од 1.900 пријавени работници на огласот од 2 април до 31 мај годинава, 1.300 работници ги исполниле условите и добиле ваучери за субвенциониран годишен одмор за работници со ниски примања, информираше министерот за економија, Крешник Бектеши. Тој појасни дека со тоа се доделени 20 милиони денари, од вкупно предвидените 30 милиони, а остатокот од парите ќе биде доделен на огласот...

До 11 часот поголем број на гласачи на парламентарните, отколку на претседателските избори

Поголем број на граѓани до 11 часот гласале на парламентарните, отколку на претседателските избори. Според податоците од Државната изборна комисија, 13,69 отсто гласачи гласале за избор на пратеници, додека...