fbpx

Субвенции за годишен одмор добиле 1.300 работници со ниски примања

-

Од 1.900 пријавени работници на огласот од 2 април до 31 мај годинава, 1.300 работници ги исполниле условите и добиле ваучери за субвенциониран годишен одмор за работници со ниски примања, информираше министерот за економија, Крешник Бектеши.

Тој појасни дека со тоа се доделени 20 милиони денари, од вкупно предвидените 30 милиони, а остатокот од парите ќе биде доделен на огласот што ќе се распише на крајот на август.

– Работниците може да ги користат ваучерите во еден од 30-те хотели со кои имаме потпишано меморандуми за соработка и зависно од цената на аранжамните, да престојуваат кај нив, два, три или седум дена – истакна Бектеши.

Единствен услов за добивање поддршка за годишен одмор е семејството на работникот кој аплицира да нема месечни приходи поголеми од 22.000 денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Кривични пријави за шестмина инспектори зашто не пломбирале „диви“ менувачници на Бит пазар

Против шест лица С.Б.(32), Ј.Р.(54), В.М.(47), Б.С.(46),С.С.(61) и Р.Б.(37), државни пазарни инсектори, се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информира Министерството за...