fbpx
Таг: Крешник Бектеши

таг: Крешник Бектеши

Анѓушев: Ќе се гради далекувод до Албанија и гасовод до Грција

Добивме позитивни сигнали од меѓународните финансиски институции за поддршка во реализацијата на инфраструктурни проекти, рече денеска вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој учествуваше на „Стратешкиот дијалог за Западен Балкан“, настан во организација на Светскиот економски форум и на „Виенскиот економски форум“, настани во рамките на Самитот ЕУ-Западен Балкан кој се организира во Софија. Тој додаде дека средствата ќе бидат наменети за...

Бектеши на самит во Дубаи ги претставил можностите за инвестирање

Министерот за економија, Крешник Бектеши во текот на официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), остварил средба со министерот за економија на ОАЕ, Султан бин Саед Ал Мансури. Средбата на Бектеши со Ал Мансури се одржала на маргините на осмото издание на Годишниот инвестициски самит во Дубаи. „Бектеши и Ал Мансури ја потенцирале потребата од потпишување на меморандум за соработка во сферата...

Бектеши ги презентираше условите за инвестирање пред словенечките бизнисмени

Министерот за економија, Крешник Бектеши заедно со министерот за економија и технологија на Словенија, Здравко Почивалшек учествуваа на македонско-словенечкиот бизнис форум на кој присуствуваа над 100 компании од двете земји, организиран во рамки на официјалната посета на нашата земја од страна на владината делегација од Словенија, предводена од премиерот Миро Церар. Бектеши пред бизнисмените од Словенија ги презентираше условите и поволностите...

Со новиот закон за енегетика нема да се зголеми цената на струјата на домаќинствата

Цената на струјата за домаќинствата нема да се зголеми со новиот предлог-закон за енергетика кој помина на владина седница, тврди вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Тој рече дека домашното производство на електрична енергија ќе биде насочено кон граѓаните, за да тие, особено од најранливите групи, бидат заштитени од покачување на цените на струјата. - Цената на електрична енергија на домаќинствата...

Анѓушев и Бектеши на разговор со бизнисмените за економските мерки

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши денеска ќе се сретнат со компаниите членки на Стопанска комора на Македонија, во 12 часот. На средбата, како што информираат од Комората, ќе се дискутира за предложените мерки кои треба да условат подобрување на конкурентноста и зголемување на инвестициите, со цел поттикнување на економскиот раст на македонската економија.

Промовирана програмата за поддршка на малите и средни претпријатија

Микро, малите и средните претпријатија ќе бидат најсилно поддржани преку мерките од Планот за економски раст, најавија денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски. Анѓушев потенцираше дека микро, малите и средни претпријатија се во привилегирана положба, затоа што ќе можат да ги користат мерките...

Бектеши – Бечај: Инвестициите се важни за економската соработка со Косово

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска се сретна со министерот за иновации и претприемништво на Република Косово, Бесим Бечај. На средбата, министрите разговарале за економската соработка помеѓу двете земји, трговската размена и соработката на полето на инвестициите. „Со мерките од Планот за економски раст на Владата, за соработката со Косово посебно очекуваме ефекти во делот на инвестиции што ќе биде од...

Бектеши: Финансиска поддршка за малите претпријатија ќе има и догодина

Министерството за економија, во рамки на годишната Програма за конкурентност, иновации и претприемништво, годинава поддржало 89 претпријатија, 23 занаетчии и 30 проекти на фондации, кои ги исполниле условите. На манифестацијата „Претприемач на годината“, министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека и догодина претприемачите ќе може да добијат поголем финансиски стимул за реализација на своите бизнис активности. - Значењето на малите и средните...

Предлог- законот за енергетика е во прилог на граѓаните, оцени Анѓушев

Предлог-законот за енергетика нуди европски решенија во енергетскиот сектор и е целосно хармонизиран со ЕУ-регулативите, рече денеска министерот за економија, Крешник Бектеши на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и директорот на Секретаријатот на енергетската заедница, Јанез Копач. - Покажавме политичка волја и капацитет да ги откочиме задоцнетите процеси во енергетскиот сектор во Македонија. Предлог-законот за енергетика е...

Заев во официјална посета на Косово, ќе се сретне со Харадинај и со Тачи на 12 декември

Премиерот Зоран Заев ќе престојува во еднодневна официјална посета на Косово, на 12 декември (вторник), информираат од Владата. Во рамки на посетата, предвидена е средба на Заев со неговиот косовски колега Рамуш Харадинај, по што ќе следи и заедничка прес-конференција. Во текот на денот, премиерот ќе оствари средба и со претседателот на Косово, Хашим Тачи, како и со претседателот на косовското...

Економската соработка со Црна Гора ќе се продлабочува во повеќе сектори

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, и министерот за економија, Крешник Бектеши, се сретнаа со министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ, на маргините на економската конференција „Предизвици на патот кон ЕУ“, која завршува денеска во Будва, На средбата се разговарало за начините за продлабочување на економските односи меѓу двете земји во сите области, меѓу кои и слободно движење на...

Бектеши и Петкова во Бугарија разговараат за енергетско и за инфраструктурно поврзување

Министерот за економија, Крешник Бектеши, е во официјална посета на Бугарија, на покана на бугарската министерка за енергетика, Теменужка Петкова. На средбата, двајцата министри ја истакнале добрата соработка помеѓу двете земји во областа на енергетиката, безбедноста на снабдувањето со енергија, диверзификацијата на енергетските извори, како и важноста на новите интерни врски и регионалната соработка. „На состанокот беше особено истакнато преземањето на претседателство со...

Бектеши го промовира туризмот во Кина, а со Рифаи разговарал за негово унапредување

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска ја почна официјалната посета на Кина, а воедно ја предводи и македонската делегација на 22. седница на Генералното собрание на Светската туристичка организација (UNWTO) што се одржува во градот Ченгду, Кина. На конференцијата, на која присуствуваат министрите за туризам од целиот свет, ќе се разговара за развојот на светскиот туризам, новите трендови во туризмот, подобрувањето...

Бектеши ги презентирал можностите за инвестирање на бизнис-форумот во Ерусалим

На бизнис-форумот во Ерусалим, министерот за економија Крешник Бектеши ги запознал бизнисмените со можностите што ги нуди Министерството за економија за странски директни инвестиции во различни области, како што се енергетиката, туризмот и слободните економски зони кои се извозно ориентирани. Тој истакнал дека израелското искуство во деловното работење е од големо значење со оглед на деловната клима што ја има...

Бектеши: Работниците со примања до 22.000 денари можат да користат бесплатен одмор

„По предлог на Министерството за економија, Владата донесе мерка со која им нудиме на работниците со примања до 22.000 денари да искористат годишен одмор надвор од сезона во туристичките центри на Македонија, во вкупна вредност од 15.000 денари“, изјави денеска на прес-конференција во Владата, министерот за економија Крешник Бектеши. Потврдите ќе ги издава Министерството за економија по принципот „прв дојден, прв...

Бектеши и Петкова потпишаа меморандум за соработка во секторот на природен гас

Министрите за економија на Република Македонија и на Република Бугарија, Крешник Бектеши и Теменужка Петкова, денеска во Скопје потпишаа меморандум за соработка во енергетиката и за развој на билатерално стратешко партнерство во секторот на природниот гас, преку развивање на нова директна врска меѓу системите на природен гас на Македонија и на Бугарија, соопшти Министерството за економија. „За реализација на предвиденото,...

Бектеши и Пломп разговарале за економската соработка помеѓу Македонија и Холандија

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска се сретнал со холандскиот амбасадор, Ваутер Пломп, при што разговарале за туризмот, земјоделството и за инвестициите во обновливи извори на енергија. Бектеши изјавил дека земјоделството и инвестициите во обновливи извори на енергија се две гранки на економијата, многу важни за нашата земја, па размената на искуства со Холандија би била од огромна помош. Холандскиот амбасадор потврдил дека...

Полесен пристап до финансии и попис се дел од барањата на СКСЗМ до Владата

Поддршка за рамномерен регионален развој, инфраструктурно уредување на економската зона во Визбегово, неселективна примена на законите, полесен пристап до финансии, попис на населението, транспарентност и отчетност се клучните барања што претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), Неби Хоџа, во име на фирмите - членки, ги претстави денеска пред премиерот Зоран Заев и пред неговиот тим. Премиерот Заев нагласил...

Бектеши и Шаровиќ договориле економска соработка меѓу Македонија и БИХ

Министерот за економија на Македонија, Крешник Бектеши, и министерот за надворешна трговија и економски односи на БИХ, Мирко Шаровиќ, на средбата во Сараево иницирале преговори за склучување договор за економска соработка помеѓу двете земји. Босна и Херцеговина е единствената земја од регионот со која Македонија нема потпишано ваков договор. - Босна и Херцеговина во последните неколку години е меѓу првите 20...

Заев денеска е во официјална посета на Босна и Херцеговина

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев денеска ќе престојува во официјална посета на Босна и Херцеговина (БИХ), информираат од Владата. Свечениот пречек ќе се одржи на платото пред зградата на заеднички институции на БИХ, по што следува средбата на македонската делегација со членовите на делегацијата на Советот на министри на БИХ. Во состав на македонската делегација се и министерот за...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...