Македонија и Косово заеднички ќе аплицираат за грантови за гасификација на двете држави

-

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска беше домаќин на делегација од Република Косово предводена од министерот за економски развој, Валдрин Лука. Бектеши ги претставил актуелните енергетски проекти и можностите за заедничка соработка со косовската страна.

Косовскиот министер Лука изразил интерес за проектот за гасификација, бидејќи со него се отвара можност за развој на оваа мрежа во двете држави. Тој порача дека постои една стара гасоводна траса помеѓу Македонија и Косово, од времето на поранешна Југославија, која е надвор од фунцкија, но нагласи дека би можела да се реактивира со грант и буџетски средства.

-Сметаме дека тоа би било најефикасниот и најевтиниот начин на изградба на гасовод меѓу двете земји. Македонија со конкцијата со Бугарија и со Грција ќе има голем проток на гас и само една третина од количината на гас ќе ја искористи за внатрешни потреби. Заради тоа ќе може да го пласира вишокот на гас надвор од земјата. Токму заради тоа Косово гледа можност да се снабдува со гас од Македонија, особено во зимскиот период кога се троши повеќе за греење – рече Лука.

Бектеши информираше дека минатата недела на седница на Владата донеле одлука освен националниот гасовод, да почнат и со градење на дистрибутивната мрежа низ градовите во Македонија.

-Но, не остануваме тука. Овој меморандум за соработка ќе биде почеток заедно со косовската страна да аплицираме за грантови што  може да ги добиеме од финансиските институции се со цел да се поврземе со гас и со Косово – додаде Бектеши.

По завршување на работниот состанок меѓу делегациите од двете земји, министерот Берктеши и министерот Лука го потпишаа и Меморандумот за разбирање во енергетскиот сектор помеѓу двете министерства, со кој се очекува да се интензивираат билатералните односи во енергетскиот сектор согласно националните политики и стратегии, преку дефинирање на приоритетните области за соработка како што се: секторот за електрична енергија, јаглен, природен гас, обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, безбедно снабдување со енергија, како и подготовка на релевантни инфраструктурни проекти за интерконекција за електриочна енергија и гас и други проектни иницијативи.

ЕК за нападите врз United Media: Од суштинско значење е новинарите да ја извршуваат својата работа без заплашување

Европската комисија ги следи случувањата во Србија и од суштинско значење е новинарите да можат да ја извршуваат својата работа без никакви закани со насилство, вознемирување и заплашување, наведоа во одговорот...

Поранешен украински политичар застрелан пред училиште во Мадрид

Непознати вооружени лица го застрелаа и убија поранешениот украински политичар, Андриј Портнов, пред училиште во елитно предградие на Мадрид, пренесува Гардијан. Убиството на Портнов, кој бил висок советник на поранешниот проруско ориентиран...

МВР: Уапсени четворица криминалци осомничени за убиства

Четири лица осомничени за убиства се уапсени денеска по извршени претреси на пет локации во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Врз основа на обезбедени докази во текот на истражната постапка...

Јаневска: Градиме образовен систем кој ќе ги исполни целите на Стратегијата за паметна специјализација

Македонија има Стратегија за паметна специјализација која дефинира области каде имаме потенцијал за развој, најважен ресурс за остварување на дефинираните цели е човечкиот капитал и токму во таа насока го обликуваме...

ЕК за нападите врз United Media: Од суштинско значење е новинарите да ја извршуваат својата работа без заплашување

Европската комисија ги следи случувањата во Србија и од суштинско значење е новинарите да можат да ја извршуваат својата работа без никакви закани со насилство, вознемирување и заплашување, наведоа...