fbpx

Бектеши: Историски рекорд на странските инвестиции со 624,5 милиони еврa лани

-

Министерот за економија Крешник Бектеши, информираше дека странските директни инвестиции лани изнесувале 624,5 милиони евра, наспроти 181,7 милиони во 2017 година, што претставува зголемување од 244 проценти.

„Ова е историски рекорд на СДИ во Република Северна Македонија од осамостојувањето на државата до денес. Само во четвртиот квартал од 2018 тие изнесуваа 311,3 милиони евра, во споредба со 167,9 милиони евра во истиот квартал претходната година. Значи, и тука имаме зголемување од 85 проценти“, истакна министерот за економија Крешник Бектеши по објавувањето на податоците на Народната банка за вредноста на странските инвестиции за последниот квартал од 2018 и за минатата година во целост.

Премиерот Зоран Заев вчера на пратенички прашања рече дека освен 17 досегашни реализирани странски инвестиции во земјата за само 20 месеци, во последните денови на ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент, шест компании од Грција донесоа одлука да инвестираат во нашата земја. Меѓу најавените инвестиции за наредниот период е и германската компанија „Герешајмер“.

Премиерот Заев нагласи дека странските инвестиции во земјата минатата година отворија 4.500 добро платени работни места, благодарение на храбрите политики на Владата и на парламентот, без притоа да се трошат средства за рекламирање и промоција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...