fbpx

ЕЛЕМ: Жичарата со шест седишта на Попова Шапка ќе биде готова идната сезона

-

Годинава навршија  пет години од ветувањето за изградба на новата жичара со шест седишта во Попова Шапка. Иако првиот договор за изградба на жичарата бил потпишан на 10 март 2014 година,  таа се уште не е целосно изградена и не е ставена во функција. Повторно како што се ветуваше пет години по ред, се ветува дека жичарата ќе биде готова за сезоната 2019/2020, известува „Порталб.мк“.

– Според планот и динамиката, за реализација на градежните активности за жичарата со шест седишта предвиденото време, во добри климатски услови, е седум до девет недели. Се очекува во сезоната 2019/2020 да се пушти во употреба новата жичара со шест седишта – велат од компанијата „Леитнер“, која го добила тендерот од ЕЛЕМ за изградба на жичарата.

И министерот за економија, Крешник Бектеши, пред извесно време во  емисијата Клик Плус (Click Plus) вети дека оваа жичара ќе биде готова и ќе биде пуштена во функција следната сезона (2019/2020).

“Жичарата со шест седишта ќе биде завршена наскоро. Убеден сум дека идната сезона ќе биде ставена во функција. Може и да ме држите за збор за ова што го велам“, рече министерот Бектеши.

Изминатите пет години имало бројни проблеми со реализацијата на овој проект. Иако рокот за реализирање на договорот, кога бил потпишан во 2014 година, бил 12 месеци, до ден денес овој проект останува незавршен.

Зошто за пет години не се изгради жичарата со шест седишта?

Изградбата на жичарата почнала на 26 јуни 2016 година, а во јули истата година Државниот инспекторат за животна средина донел одлука за прекин на работите.

Според ЕЛЕМ, вкупната вредност на договорот била 7, 985 милиони евра.

Причина за прекинување на работите била оштетувањето на главната водоводна цевка при поставување на главниот столб на жичарата од страна на ЕЛЕМ.

“Имаа некомплетирана документација. Имаше прекини, бидејќи тие почнале да изведуваат работи во изворите на Шара за снабдување на Тетово со вода. Во меѓувреме го префрлиле столбот, и најверојатно работат“, рече за „Порталб.мк“ инспекторот за животна средина, Хисни Тачи.

Од ЕЛЕМ велат дека дозволата за продолжување со градежните работи е обезбедена две години по прекинот на работите, во јуни 2018 година.

Во меѓувреме од италијанската компанија „Леитнер“ најавуваат дека 90% од градежните работи и теренските подготовки се завршени и се очекува подобрување на временските услови за продолжување со работите. Исто така најавуваат дека 90% од опремата за монтирање и инсталирање се пренесени во Попова Шапка, во различни локации зависно од тоа каде наоѓале простор.

Од друга страна, пред извесно време во емисијата Клик Плус (Click Plus), Фатмир Лимани од ЕЛЕМ даде оправдување за доцнењето со изградбата на жичарата, тврдејќи дека за преместување на столбот било потребно да се изготви нов план и тоа одзема време.

Инаку, уште од 2012 година до денес се дискутираат бројните и исти проблеми со кои се соочува Попова Шапка, меѓутоа  до денес не е преземено ништо. Еден од нив е и жичарата со шест седишта, која постојано била ветувана, но се уште не е завршена.  Попова Шапка, некогаш беше познат скијачки центар во регионот и пошироко. Таму се инвестирало во инфраструктурата, се одржувале скијачки натпревари со скијачи од целиот свет и била омилена дестинација за голем број планинари и скијачи.  Денес, останала само големата желба на туристите-скијачи да го видат овој центар развиен како некогаш.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...