fbpx
Таг: ковид -19

таг: ковид -19

Даниловски: Епидемијата слабее, ако имате маска на лице слободно шетајте ако држите дистанца

Олабавувањето на мерките е логична последица на олабавувањето на епидемијата. Тоа следи откако веќе од половината на април имаме епидемиска крива со стабилно плато. Значи, не врв, туку плато, вели за „Мета.мк“ епидемиологот Драган Даниловски. - Зошто плато? Затоа што тоа и беше идејата на спроведување на мерките: да се израмни (растегне) епидемиската крива во што подолг период. Зошто? За...

Влажните марамчиња не се добар материјал за правење маска

Во време на пандемија со новиот корона вирус, онлајн медиумите честопати известуваат за маските како заштитна мерка против вирусот, како и за материјалот од којшто треба да бидат направени. Една порака која стана вирална на Фејсбук, а која ја објавија и разни медиуми во Косово, гласеше „земете три влажни марамчиња, раширете ги а на краевите направете дупки и ставете...

Нови 41 заразени, 37 оздравени и двајца починати од Ковид-19

Според статистиките на Институтот за јавно здравје, во изминатите 24 часа се регистрирани уште 41 случај на заразени со новиот корона вирус, 37 пациенти се евидентирани како оздравени, а впишани се уште два смртни случаи на млади мажи од Ковид-19, болеста што ја предизвикува корона вирусот. Од 37-те оздравени, двајца пациенти биле на болничко лекување,а 35 се лекувале во домашни...

Повратот на ДДВ ќе може да се донира преку апликацијата „Мој ДДВ“

Дел од фондот МојДДВ #МојаНаграда ќе се насочи кон борбата против Covid-19, така што дневните награди ќе се сведат на 10 награди по 500 денари, додека месечните извлекувања од по 100.000 денари за мај и јуни нема да се одржат. Граѓаните ќе можат и да донираат средства од својот поврат на ДДВ преку апликацијата МојДДВ, соопшти Министерството за финансии. Фондот...

Поништен тендерот за 31 респираторна машина

Двете компании што го добија тендерот за набавка на 31 респираторна машинa, известиле дека нема да бидат во можност да ги испорачаат респираторните машини, согласно договорот, па постапката е поништена и ќе биде повторена, соопшти Министерството за здравство. Министерството уверува оти нема простор за страв дека земјава ќе има проблем со недостиг на машини за дишење. „Во меѓувреме, Република Северна Македонија...

Нови дезинформации за „чудесна мешавина на лекови“ за Ковид-19 и за 5Г

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Трамп го шокираше светот со нов предлог за лекување од корона вирусот – да се вшприцуваат дезинфициенси

Претседателот на САД предизвика огромен револт од медицинската и од широката јавност во светот, откако на вчерашниот брифинг во Белата Куќа изнесе „размислување“ дека би требало да се истражи лекување на болните од Ковид-19 со вшприцување дезинфициенси во телото за да се убие вирусот или пак „внесување“ УВ-зраци во телото за да се убие вирусот, извести „Гардијан“. Експертите порачуваат дека...

Негативни се тестовите за корона на Спасовски и на Филипче

Тестот за Ковид-19 на премиерот Оливер Спасовски е негативен, но тој сепак ќе остане во домашна изолација, соопшти Генералниот секретаријат на Владата. Министерството за здравство соопшти дека и тестот на министерот Венко Филипче е негативен, откако резултатите стасаа вчера, на 8-от ден од тестирањето. И покрај позитивниот исход од тестирањето, обајцата ќе останат во самоизолација до завршување на теоретскиот инкубациски...

Српски функционер лажел за тестовите за Ковид-19, а портал дека Сорос е уапсен

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Уште четири тигри и три лава од зоолошка градина во Њујорк се позитивни на корона вирус

Уште седум големи мачки, од кои четири тигри и три лава во зоолошката градина Бронкс во Њујорк се позитивни на коронавирусот, објави National Geographic. Ова се случува три недели откако се зарази првиот тигар во зоолошката градина. За другите седум мачки се претпоставуваше дека се заразени бидејќи покажувале симптоми на вирусот. Надлежните од зоолошката градина веруваат дека животните се заразени...

Две третини од починатите од Ковид-19 во земјава се мажи (инфографик)

И мажите и жените се еднакво застапени во статистиката на вкупниот број на регистрирани случаи на Ковид-19 во земјава. Од 1.259 регистрирани случаи до 22 април, 48 отсто се мажи, а 52 отсто жени. Но, она што е невообичаено е половата статистика кај починатите. Бројот на починати мажи е повеќе од двојно повисок од бројот на починати жени. Така,...

Регистрирани 48 оздравени и 28 новозаболени лица со Ковид-19

Вкупно 48 пациенти се излекувани од ковид-19, информира Министерството за здравство. Од нив шестмина пациенти биле на болничко лекување и 42 се лекувале во домашни услови. „Во ГОБ „8 Сетпември“ почина пациент од Скопје на 51 годишна возраст, примен во болницата на 9 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина. Во изминатите 24 часа потврдени се 28 нови...

Седуммина новозаразени и 24 излекувани пациенти

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 излекувани пациенти кои се лекувале во домашни услови. Во изминатите 24 часа потврдени се седум нови случаи на ковид-19, односно по двајца во Куманово и Кочани и тројца во Тетово, како и еден починат. „Во Градската општа болница „8 Септември“ почина пациент од Лабуништа на 70 годишна возраст....

Се чини дека повеќето земји го поминаа најлошото со корона вирусот

Според одредени бројки, изгледа дека во некои земји во светот кои беа најтешко погодени од корона вирусот најлошото е поминато. Бројот на починати во некои од најтешко погодените држави мирува, а во некои почнува да опаѓа. Овој тренд го открива анализата на податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болестите, пренесе британската телевизија Скај њуз. Поради различните методи...

Тинејџерки од Авганистан создаваат суперевтин респиратор од автомобилски делови

Речиси секое утро во авганистанскиот град Херат, група од пет тинејџерки напорно работат за да создадат функционален суперевтин респиратор за болни од Ковид-19, користејќи најчесто автомобилски делови. Сомаја Фаруки и нејзините другарки се собираат со судни маки, избегнувајќи ги полициските контроли наметнати како мерка за спречување на ширењето на новиот корона вирус, и користат и стари делови од автомобил за...

Директорот на СЗО: Најлошото допрва следува, да ја спречиме трагедијата

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, предупреди дека „најлошото сè уште е пред нас“ во епидемијата на коронавирусот, од кој се заразени близу два и пол милиони луѓе во светот. „Верувајте ни. Најлошото допрва е пред нас. Да ја спречиме оваа трагедија. Многу луѓе уште не го разбираат овој вирус“, изјави Гебрејесус во Женева. Тој наведе дека...

Регистрирани 18 нови случаи, тројца починати и 21 излекуван пациент во последниве 24 часа

Министерството за здравство информираше дека потврдени се 18 нови случаи на коронавирус, со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти изнесува 1.225. Скопје - 2 Куманово - 9 Штип - 2 Тетово - 2 Велес - 1 Гостивар - 1 Пехчево - 1 Регистриран е 21 излекуван пациент. Најголем број од нив (16) се од Скопје, 3 од Куманово и 2...

Од Кина пристигна помош во тестови и заштитна опрема

Вицепремиерот Бујар Османи преку Фејсбук објава информираше дека пристигнала хуманитарна помош од Кина. “Пристигна и последната пратка од кинеската помош во тестови и лична заштитна опрема. Со амбасадорот одржавме онлајн пресконференција“ – напиша Османи. https://www.facebook.com/bujar.osmani.942/videos/1245977728939461/ Вицепремиерот е во домашна изолација откако беше на средба со кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, за кој се потврди дека е позитивен на корона вирусот.

СЗО: Алкохолот не штити од коронавирус, и не е точно дека короната се шири и од мртво тело

Информациите што се проширија неодамна дека коронавирусот може да се шири од мртво тело се непотврдени. Она што е сигурно досега е, најновиот одговор на Светската здравствена организаиција за ова прашање, при што се вели дека „освен во случаи на хеморалгична треска (како ебола, Марбург) и колера, мртвите тела обично не се заразни”. Затоа, известување дека е “регистриран првиот...

Во Србија од вторник забраната за движење ќе трае еден час помалку

Од вторник во Србија полицискиот час ќе трае еден час пократко, односно наместо од 17 часот во работни денови, ќе трае од 18 часот па до 5 часот следното утро, најави српскиот претседател Александар Вучиќ во гостување на телевизијата „Пинк“ вчера. На постарите лица ќе им биде овозможено по половина час прошетка во периодот од 18 до 1 часот по...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...