fbpx

Директорот на СЗО: Најлошото допрва следува, да ја спречиме трагедијата

-

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, предупреди дека „најлошото сè уште е пред нас“ во епидемијата на коронавирусот, од кој се заразени близу два и пол милиони луѓе во светот.

„Верувајте ни. Најлошото допрва е пред нас. Да ја спречиме оваа трагедија. Многу луѓе уште не го разбираат овој вирус“, изјави Гебрејесус во Женева.

Тој наведе дека ваква пандемија се случува еднаш во сто години и алудираше на шпанскиот грип во 1918 година.

„Сега имаме технологија, можеме да спречиме катастрофа, може да спречиме таков вид на криза“, додаде Гебрејесус.

На претходна виртуелна средба со министрите за здравство на земјите-членки на Г20, Гебрејесус, изјави дека укинувањето на рестриктивните мерки не значи крај на епидемијата во ниту една земја, туку само почеток на следната фаза. Исто така, тoj ги предупреди земјите што планираат да ги ублажат мерките да бидат подготвени да реагираат брзо во случај на нова епидемија на Ковид-19. Воедно, изрази загриженост поради засилувањето на пандемијата во сиромашните земји, на кои им недостигаат ресурси да се справат со голем број позитивни случаи.

Досега, според податоците од Универзитетот „Џонс Хопкинс“ од вирусот починаа над 170 илјади, а закрепнаа над 653 илјади лица. Најмногу оздравени има во Германија, над 95.200 лица.

Статистика за најмногу заболени:

  • САД 787.960
  • Шпанија 200.210
  • Италија 181.228
  • Франција 156.493
  • Германија 147.065
  • Велика Британија 125.856

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...