fbpx

Поништен тендерот за 31 респираторна машина

-

Двете компании што го добија тендерот за набавка на 31 респираторна машинa, известиле дека нема да бидат во можност да ги испорачаат респираторните машини, согласно договорот, па постапката е поништена и ќе биде повторена, соопшти Министерството за здравство.

Министерството уверува оти нема простор за страв дека земјава ќе има проблем со недостиг на машини за дишење.

„Во меѓувреме, Република Северна Македонија доби 12 респираторни машини од Европската Унија со што се надополнија посточеките капацитети. Вклучувајќи ги новите машини коишто пристигнаа, во здравствените институции ширум земјата во моментот има на располагање преку преку 130 респираторни машини“, се вели во известувањето.

Во моментов на респираторна машина има приклучено вкупно 11 пациенти, со што капацитетите се исполнети нешто помалку од 10 отсто, велат од министерството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.