Со настап на Eye Cue вечерва продолжуваат маалските концерти на отворено

Вечерва во 20 часот, кај Музејот на современа уметност, музичката група Eye Cue ќе одржи едночасовен настап од програмата „Култура во време на Корона’. Настапот ќе може да се следи на Фејсбук страницата и на Youtube каналот на Град Скопје.

За наредните денови се планирани и изложби, видеоарт презентации, настапи на диџеи и состави на класична музика, како и театарски изведби по следниов распоред:

  • Христина Зафировска – 25 април, сабота од 12.00 ( видео – визуелни уметности )
  • Артан Кастрати – 25 април,сабота – парк Топанско Поле од 17.00
  • Funk Shui – 25 април , сабота – кај  Млечен од 18.00
  • Musaiq – 25 април, сабота – кај  Млечен од 20.00
  • Гоце Илиевски , 26 април, недела од 11.30 ( видео – визуелни уметности )
  • Арда Мустафаоглу 26 април, Парк Шопен ,Кисела Вода од 12.00
  • Емилија  Потевска Попивода, 26 април, Парк Шопен ,Кисела Вода од 12.30
  • Дуња Иванова 26 април, Парк Шопен ,Кисела Вода од 13.00
  • Силви Бенд, 26 април, Парк Шопен ,Кисела Вода од 14.00
  • Pluto’s Doubts 26 април, Аеродром , кај Стела од 18.00
  • South Park 26 април, Аеродром, кај Стела од 20,00

Инаку, Град Скопје објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Заинтересираните уметници може да се пријавуваат на https://mkc.mk/vesti/grsk_povik1/ За секој учесник предвиден е хонорар во износ од 14.500 денари, а повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација.