fbpx

Седуммина новозаразени и 24 излекувани пациенти

-

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 излекувани пациенти кои се лекувале во домашни услови. Во изминатите 24 часа потврдени се седум нови случаи на ковид-19, односно по двајца во Куманово и Кочани и тројца во Тетово, како и еден починат.

„Во Градската општа болница „8 Септември“ почина пациент од Лабуништа на 70 годишна возраст. Во тешка состојба, пациентот бил хоспитализиран на 8 април и веднаш приклучен на респираторна машина“, информираат во министерството.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1.231. Во изминатото деноноќие направени се 207 тестови, а досега во земјата се направени вкупно 12.340 тестирања.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани вкупно 60 пациенти. Од нив 18 се на кислородна поддршка, а четворица се на механичка вентилација.

Во „8 Септември“ се лекува 45 пациенти. Со потешка клиничка слика се седуммина, петмина се на респираторна машина. Во Битола се хоспитализирани вкупно 13, а на домашно лекување се следат 15 пациенти. Во болницата во Штип, на болничко лекување се четворица пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19 пациенти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...