fbpx

Повратот на ДДВ ќе може да се донира преку апликацијата „Мој ДДВ“

-

Дел од фондот МојДДВ #МојаНаграда ќе се насочи кон борбата против Covid-19, така што дневните награди ќе се сведат на 10 награди по 500 денари, додека месечните извлекувања од по 100.000 денари за мај и јуни нема да се одржат. Граѓаните ќе можат и да донираат средства од својот поврат на ДДВ преку апликацијата МојДДВ, соопшти Министерството за финансии.

Фондот на наградната игра МојДДВ #МојаНаграда е намален за 4,4 милиони денари, средства кои ќе се вложат во Covid-19 фондот. Од почеток на мај до крајот на јуни ќе се доделуваат по 10 дневни награди од по 500 денари преку #МојаНаграда, додека месечните извлекувања од по 100.000 денари ќе запрат во мај и јуни.

Граѓаните преку апликацијата „МојДДВ“ ќе можат и да го донираат својот поврат на ДДВ за првото тримесечје од 2020 за борбата против Covid-19. Преку опцијата „скенирам и донирам“, со која e надоградeна апликацијата „МојДДВ“ граѓаните ќе можат одберат дали сакаат да го донираат својот поврат од ДДВ за првото тримесечје од 2020 година. Изборот ќе може да го направат до 5 мај.

На граѓаните преку апликацијата им се на располагање две опции -,да, го донирам мојот поврат на ДДВ” и ,,не, благодарам”. Оној кој потврдно ќе одговори на опцијата за донација, дава согласност за донирање на целиот износ кој треба да му биде вратен на трансакциска сметка, и нема да има можност за отповикување на дадената согласност. Корисникот кој ќе одговори негативно на прашањето, ќе има можност да го промени одговорот се додека е отворена опцијата за избор, а ако не го промени мислењето повратот ќе му биде исплатен на трансакциска сметка.

Во првото тримесечје во 2020 граѓаните преку скенирање фискални сметки оствариле право на поврат од 5,59 милиони евра. Во овој период скенирани се 49,95 милиони фискални сметки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...