fbpx

СЗО: Алкохолот не штити од коронавирус, и не е точно дека короната се шири и од мртво тело

-

Информациите што се проширија неодамна дека коронавирусот може да се шири од мртво тело се непотврдени. Она што е сигурно досега е, најновиот одговор на Светската здравствена организаиција за ова прашање, при што се вели дека „освен во случаи на хеморалгична треска (како ебола, Марбург) и колера, мртвите тела обично не се заразни”. Затоа, известување дека е регистриран првиот случај на пренесување на коронавирусот од починато лице е информација заснована врз претпоставки и не е потврдена од релевантни институции. Оваа информација е објавена во повеќе медиуми во Косово и во Албанија, јавува Порталб.мк.

За пренесување на коронавирусот од починато лице имаше известување и на крајот на март, по смртта на едно лице во Индија, но беше потврдено дека тоа е дезинформација.

Светската здравствена организација исто така ги негираше информациите дека пиењето алкохол може да помогне во борбата против коронавирусот, „Стравот и дезинформацијата создадоа опасен мит дека консумирањето алкохол може да го убие вирусот КОВИД-19“. Но алкохолот не го прави тоа“, се вели во извештајот на СЗО.

„Пиењето алкохол претставува опасност по здравјето, а консумирањето етил алкохол со висока јачина (етанол) може да има сериозни здравствени последици, вклучително и смрт“, додава СЗО. Во извештајот на СЗО се вели дека алкохолот го компромитира имунолошкиот систем на телото и го зголемува ризикот од неповолни здравствени последици. Затоа, СЗО ги повикува луѓето да го минимизираат консумирањето алкохол за време на пандемијата.

Дрен Гргури

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...