fbpx

Се чини дека повеќето земји го поминаа најлошото со корона вирусот

-

Според одредени бројки, изгледа дека во некои земји во светот кои беа најтешко погодени од корона вирусот најлошото е поминато. Бројот на починати во некои од најтешко погодените држави мирува, а во некои почнува да опаѓа. Овој тренд го открива анализата на податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болестите, пренесе британската телевизија Скај њуз.

Поради различните методи на известување во секоја земја, повеќето податоци не го  покажуваат вкупниот број на смртни случаи. Бројките се базираат на седмодневен просек.

Велика Британија Во последните две седмици има знаци на мал пораст на стапката на смртност. Британија е една од петте земји кои забележаа над 10.000 смртни случаи, а здравствените власти посочуваат дека земјата е сè уште на средината на епидемијата.

Италија Тоа беше првата европска земја тешко погодена од пандемијата. Дневната стапка на смртност почна да опаѓа во последните две седмици и сега е на средина од врвот на кризата. Таа е на второ место во светот според бројот на починати, над 24.000.

Шпанија Смртните случаи исто така се во опаѓање. Земјата во понеделникот пријави 399 умрени за еден ден, што е за 11 помалку во споредба со неделата. Досега се починати повеќе од 20.000 лица.

САД Ова е земјата со најголемиот број починати, според официјалните податоци. Бројот на починати постојано расте и последниот викенд надмина 41.100, но во некои држави има забавување, вклучувајќи ги тука и државата и градот Њујорк, кој беше најтешко погоденото подрачје. Новите дневни стапки на смртност се исти како пред 10 дена, што сугерира на стивнување на кризата.

Франција Пријавен е најмал број на дневни починати во споредба со изминатите три недели, поради што земјата се приклучи на европските држави каде не расте кривата на болеста. Досега починаа над 20.000 лица.

Германија И тука има сличен тренд на опаѓање. Бројот на умрени за еден ден падна за повеќе од 60 отсто во текот на викендот, од 300 во петокот, на 104 во неделата. Во понеделникот Германија имаше вкупно 4.642 смртни случаи.

Иран Најпогодена земја на Блискиот Исток, но стапката на смртност опаѓа во изминатите две недели. Во понеделникот бројот на починати беше 5.209, со 91 смртен случај во последните 24 часа.

Турција Првиот случај на корона вирусот е пријавен на 10 март, а наскоро бројот на заразени и починати драстично се зголеми. Но, растот забави во последните две недели, на околу 120 заразени дневно. Во земјата се регистрирани над 2.000 починати.

Ирска Новата дневна статистика на смртните случаи значително опаѓа од  почетокот на април. Досега починале 687 лица.

Швајцарија Меѓу најпогодените земји во Европа, со над 1.400 починати. Сепак, дневниот број на умрени почна да опаѓа.

Русија Се чини дека пикот сè уште не е достигнат, како што изјави претседателот Владимир Путин во понеделникот. Починати има 405, а заразени над 47.000.

Кина Во Кина неколку денови нема смртни случаи од корона вирус, а повеќе од една недела е едноцифрен бројот на умрени, после неколу неделен силен раст.
Вухан, епицентарот на короната, минатата недела имаше зголемен број на умрени за 50 отсто, при што 1.290 починати од корона вирусот, што доведува до сомнеж во точноста на податоците од овој град.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...