fbpx

Нови дезинформации за „чудесна мешавина на лекови“ за Ковид-19 и за 5Г

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до Грција на југ.

Студијата на францускиот вирусолог Дидие Раул, за која во март голем број медиуми во светот пишуваа дека довела до комбинација на лекови што го убиваат корона вирусот, црногорскиот сервис за борба против дезинформациите Raskrinkavanje.me детално ја оценувал и заклучил дека сепак станува збор за дезинформација.

Поводот за анализата била објавата на еден портал на српски јазик под наслов „Француски професор пронашол лек за корона?“

Раул предизвика полемики минатиот месец со тврдењето дека со комбинација на лековите хидроксихлорокин и азитромицин – од кој првиот е лек против маларија, а вториот е антибиотик – се лекува Ковид-19.

Raskrinkavanje.me пренесувајќи анализи на други сервиси за борба против дезинформациите , вели дека сепак резултатите не се толку спектакуларни, оти студијата е правена на мал и нерепрезентативен примерок, дека не е рецензирана од други научници, како и дека немало контролна група врз основа на која ќе се проценат резултатите. Дополнително, и голем број научници од светот ги оспориле тврдењата на францускиот вирусолог, па според тоа тврдењето дека е пронајден лек за Ковид-19 е сепак дезинформација,пишува црногорскиот сервис.

Босанско-херцеговскиот сервис за борба против дезинформациите Raskrinkavanje.ba анализираше лажна вест што се шири по Фејсбук-групите на јазици од српско-хрватската група, а била и објавена на неколку портали – дека Швајцарија го сопрела проектот за воведување 5Г. Тоа е невистина, а единствено што се случило е дека некои швајцарски кантони привремено го стопирале поставување опрема за 5Г, пишува сервисот за борба против дезинформациите.

Лажната вест била на фотографија со наслов „Кажи не на 5Г“ што се делела на социјалните мрежи во последните две седмици, а инаку првата објава на дезинформацијата на портал била уште на 24 февруари.

Raskrinkavanje.ba пишува дека одлуката е донесена по протестите против 5Г кои во Швајцарија и во уште триесетина земји се одржаа во јануари, но станува збор за одлука на некои кантони, а не на територијата на целата земја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...