fbpx

Регистрирани 48 оздравени и 28 новозаболени лица со Ковид-19

-

Вкупно 48 пациенти се излекувани од ковид-19, информира Министерството за здравство. Од нив шестмина пациенти биле на болничко лекување и 42 се лекувале во домашни услови.

„Во ГОБ „8 Сетпември“ почина пациент од Скопје на 51 годишна возраст, примен во болницата на 9 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина. Во изминатите 24 часа потврдени се 28 нови случаи на ковид-19. Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Досега во земјата се направени вкупно 13.000 тестирања на ковид -19“, информираат во министерството.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени седум, а хоспитализирани се вкупно 63 пациенти. Од нив 21 на кислородна поддршка и четворица се на механичка вентилација.

Во „8 Септември“ примени се седуммина нови, а вкупно хоспитализирани се 43 пациенти. Со потешка клиничка слика се осум, а на респираторна машина се четворица пациенти.

Во болницата во Битола се лекуваат 10 пациенти, а на домашно лекување се следат 14. Во моментов во Штип се хоспитализирани двајца пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...