fbpx
Таг: ковид -19

таг: ковид -19

Инспекторите минатата седмица со 3.086 надзори, изрекле дури 150 мерки

Шесте инспекциски служби во надлежност на Инспекцискиот совет во периодот од 27 април до 3 мај направиле 3.086 надзори за почитувањето на одлуките, мерките и препораките на Владата за заштита од коронавирусот Ковид-19, и притоа се изречени речиси 150 мерки или опомени, соопшти претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска. Притоа, пазарните инспектори затвориле 4 угостителски објекти во Битола, Тетово, Кочани...

Граѓанските организации алармираат: Во кризата со Ковид-19 ранливите заедници се заборавени

Институциите ненавремено и несоодветно постапуваат при решавањето на проблемите на ранливите и маргинализирани заедници во услови на кризата со Ковид-19, и во голем број случаи не преземаат мерки, алармираат 52 граѓански организации. „Од почетокот на вонредната состојба, граѓанските активисти први излегоа на терен, направија проценка на потребите за здравствена заштита, тековно го следат остварувањето на редовните услуги за социјална заштита...

Михајлоски: Од борбата со оваа подла болест ќе ми останат две лузни – една на лицето и една во душата

Сосема беше во право британскиот премиер Борис Џонсон, кога кажа дека новиот вирус е како крадец. Доаѓа од „нигде-никаде", и за брзо остава пустош зад себе. Во случајот со моето семејство, зеде и живот - на татко ми, напиша новинарот Гоце Михајлоски кој на својот профил на Фејсбук го опиша Ковид-19 патешествието низ кое помина тој и неговото семејство...

Кога официјални лица прават забуни за бројките околу Ковид-19, последиците се сериозни

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Филипче: Новото свето тројство е носење маска, дезинфекција на раце и држење дистанца

До крајот на неделава ќе бидат готови сите протоколи за функционирање на објектите. Нема сѐ и нема веднаш да започне со работа, но едно е сигурно - имаме ново свето тројство: носење маска, одржување дистанца и задолжителна дезинфекција на раце, рече министерот за здравство, Венко Филипче, на прес-конференција. Животот постепено ќе започне да се враќа во нормала, но ќе бидеме...

Во изминатото деноноќие 55 лица не го почитувале полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие, соопшти МВР, забраната за движење на ниво на целата држава не ја почитувале 55 лица, при што приведени се 45 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие на 63 лица им се издадени решенија за изолација, а 11 лица потпишале...

Османи: Време е за меки мерки наместо полицискиот час и затворањето на бизнисите

Вицепремиерот Бујар Османи на денешната средба со директорот на Центарот за јавно здравје во Скопје, Арбен Зибери, го изразил својот став дека е време за многу помеки мерки од досегашните. - Време е со паметна комбинација на меки мерки да ги замениме полицискиот час и затварањето на бизнисите - вели Османи, посочувајќи на задолжителното носење на маски и на физичкото...

Регистрирани 5 нови случаи со Ковид-19, 95 пациенти оздравеле, а двајца починале

Во последното деноноќие, Институтот за јавно здравје регистрирал 95 оздравени пациенти, односно во: Скопје 32, Куманово 38, Прилеп 16, Велес 7, Тетово 2. Во ГОБ „8 Септември“ починал пациент од Куманово на возраст од 94 години, хоспитализиран на 28 април, а денеска Институтот регистрирал и пациентка од Струга на возраст од 69 година, која починала на 29 април на пат...

Министерката Ангеловска дел од Акциската група против Covid-19 на Светскиот економски форум

Министерката за финансии Нина Ангеловска е еден од 37-те члена на новооснованата антикризна платформа - Акциска група за Европа и Евроазија на Светскиот економски форум (World Economic Forum). Оваа платформа е формирана за да се одговори на здравствените, економски и социјални последици предизвикани на Covid-19, односно да ги поврзе земјите и да ги поттикне заедно да дејствуваат и да...

Пет изведби на отворено од „Култура во време на корона“ денеска

Пет нови изведби од програмата „Култура во време на корона“ треба да се одржат денеска во организација на Град Скопје. Во 14 часот ќе биде емитуван и запис за изложбата „Celebrate life во изолација – Изложба: Индог“. Во 16 часот, во паркот во Чаир настап ќе има пеачката Канита Сума (Kanita Suma), додека во паркот зад Три Бисери во Аеродром ќе...

Филипче со честитки и благодарност до медиумите за соработката во справувањето со Ковид-19

Министерот за здравство Венко Филипче денеска упати честитки до медиумите по повод Меѓународниот ден на слободата на медиумите и благодарност за соработката во справувањето со Ковид-19, како и за напорите за сузбивање на дезинформациите за новиот корона вирус и за болеста што тој ја предизвикува. -Од првиот ден кога, како земја, се соочивме со вирусот кој го промени животот на...

Дури 75 лица фатени како ја прекршуваат забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие, МВР утврдило 75 случаи на прекршување на забраната за движење, при што 59 лица биле приведени, а останатите биле евидентирани и против нив ќе бидат преземени пропишани мерки. Во истиот временски период, на 102 лица им се издадени решенија за изолација, а 15 лица потпишале изјави за самоизолација. Полицајци извршиле контроли кај лица во изолација и...

Честитки за Светскиот ден на слободата на медиумите од СЕММ и МИМ

Честитки до новинарите по повод по повод 3 Мај - Светскиот ден на слободата на медиумите, но и предупредувања за опасностите на кои се изложени новинарите и медиумите, упатија Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ). СЕММ побара зголемена одговорност во почитувањето на фундаменталните принципи на слободата и независноста на медиумите, како и...

Во карантин со Марио Манов (интервју)

Марио Манов е дечкото на инстаграм кој за многу брзо време ги освои срцата на инстаграмџиите, а бројката на луѓе кои го следат моментално изнесува повеќе од 35 илјади и секојдневно расте. За својот профил вели: „Скоро секое утро имаме мал “концерт” на стори .😂 Постирам видеа на профилот кои што повеќето се наречени “Македонски мајки” и сè нешто кое...

Не е докажано дека израелскиот лек е 100 отсто ефикасен против Ковид-19

Израелска компанија откри лек кој се покажа 100 отсто ефикасен против Ковид-19... Ова е уште една од неточните информации што кружат последниве денови - терапијата со  клетки PLX навистина е тестирана кај пациенти со Ковид-19, но сè уште не е одобрена како 100 отсто ефикасен третман против болеста, пишува Порталб.мк. Веста беше објавена од неколку албански медиуми, а информацијата исто...

Филипче: Cвадби ќе има, гостите ќе седат на растојание од два метри

Комисијата за заразни веќе има подготвено протоколи за одржување на различни курсеви, едукации во затворени простори, за јавниот превоз исто така, а во подготовка се и протоколите за работата на ресторани. Освен тоа, во овој период се подготвуваат и протоколи за однесување во училиштата и во градинките, информира министерот за здравство Венко Филипче. - Овие протоколи досега не се финализирани,...

Пандемијата со Ковид-19 покажа дека најсигурна егзистенција има во државната администрација

Фото: Борче Поповски/Kolektif.mk
Пандемијата на Ковид-19 и мерките кои се преземаат за справување со оваа состојба, уште еднаш покажа дека најсигурно работно место, а со тоа и најсигурна егзистенција нуди вработувањето во државната администрација и вработувањето во јавниот сектор, изјави Слаѓана Тасева, претседател на „Транспаренси Интернешнл – Македонија“ (ТИ-М) во врска со извештајот „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките...

Пандемијата на Ковид-19 ги „прешалтува“ изборите во четири земји

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Герила-акција во Битола: „Oстајте да помини фичото, држете растојание“

Групацијата „Инфо Акција“ спроведе герила-акција во Битола, за да ги потсети битолчани да го одржуваат растојанието од два метра меѓу човек и човек, за да се спречи ширењето на корона-вирусот. Акцијата „Oстајте да помини фичото, не се туркајте, држете растојание“, својата инспирација ја црпи од анегдота од периоди на 70-тите и 80-тите години на минатиот век, кога што и да...

Полицискиот час го прекршиле 42 лица

МВР соопшти дека во изминатово деноноќие (27/28.04) на територијата на земјава биле фатени 42 лица што не го почитувале полицискиот час, односно забраната за движење. Притоа, 32 од нив биле приведени, а вторите биле легитимирани и против нив ќе бидат преземени мерки. Во изминативе 24 часа на 53 лица им се издадени решенија за изолација, а 76 лица потпишале изјави...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...