fbpx

Српски функционер лажел за тестовите за Ковид-19, а портал дека Сорос е уапсен

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до Грција на југ.

Српскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите Istinomer.rs анализира една дезинформација што на 16 март годинава ја изнел пред јавноста во Србија покраинскиот секретар за здравство и член за Кризниот штаб за сузбивање на Ковид-19, Зоран Гојковиќ. Тој тогаш изјавил дека Србија во тој момент има доволно тестови за откривање на новиот корона вирус, но Istinomer.rs врз основа на понови изјави на членови на Кризниот штаб заклучува дека земјата немала доволно тестови во времето кога Гојковиќ ја дал изјавата, односно изнел лажен податок.

Српскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите земајќи ги предвид изјавите на епидемиологот Предраг Кон, член на Кризниот штаб, дадена на 20 април, како и изјавата на пулмологот Бранимир Несторовиќ, исто така член на Кризниот штаб.

Кон за телевизијата „Хепи“ на 20 април рекол дека во еден период немало доволно тестови, но не сакале „да кукаат“ пред народот, туку работеле со тоа што го имале.

Вториот аргумент на Istinomer.rs дека Зоран Гојковиќ кажал невистина е изјавата на Несторовиќ дадена на 3 април за телевизијата „Б92“, кога рекол дека Србија имало многу малку тестови, а и тие биле многу неверодостојни, исто како што се случило во февруари, во САД.

Босанско-херцеговскиот портал за борба против дезинформациите Raskrinkavanje.ba, пак, раскринка лажна вест пренесена на порталот „Eksluzivno“ на 20 април годинава, која всушност е само пренесен текст објавен во 2017 година на порталот „Avala Info“.

Во текстот се тврди дека е уапсен американскиот мултимилионер и филантроп Џорџ Сорос. Raskrinkavanje.ba напоменува дека порталот „Ekskluzivno“ е без импресум, а во веста се повикал на американскиот портал „TRUEAMERICANS“, според кој Џорџ Сорос бил уапсен на аеродромот Лос Анџелес „кога сакал да ја напушти земјата“. Потоа оваа лажна вест ја презеле уште два анонимни портали од српско-хрватското јазично подрачје.

Но на текстот објавен на 30 март 2017 на „TRUEAMERICANS“ биле напишани само три реченици, во кои се тврди дека Сорос е уапсен на аеродромот во Лос Анџелес – но тој веб-сајт во април годинава повеќе не постои.

А обичното пребарување на интернет покажува дека ниту еден релевантен медиум од САД не објавил информација дека Сорос е уапсен, од што станува јасно дека станува збор за лажна вест, пишува Raskrinkavanje.ba.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...