Во време на пандемија со новиот корона вирус, онлајн медиумите честопати известуваат за маските како заштитна мерка против вирусот, како и за материјалот од којшто треба да бидат направени. Една порака која стана вирална на Фејсбук, а која ја објавија и разни медиуми во Косово, гласеше „земете три влажни марамчиња, раширете ги а на краевите направете дупки и ставете ги на лицето“.

Но, наспроти ова, британската компанија PZ Cussons, која произведува влажни марамчиња, побара нејзините производи да не се користат како маска за лице, туку да ги користат само според упатството на пакувањето.

Во врска со употребата на маската, Светската здравствена организација (СЗО) издаде ново упатство за употреба на маски од страна на граѓаните, меѓутоа повторно не препорача луѓето да носат маски во јавноста, освен заразените и оние кои им помагаат на лицата заразени од вирусот.

Професорот Дејвид Хејман, кој ја предводеше научната и техничката советодавна група на СЗО за инфективни ризици, рече дека маските се „само за заштита на другите, а не за заштита на себеси“. Според Хеман, маската може да создаде лажно чувство на сигурност, што може да заврши во загрозување на луѓето, затоа што вирусот може да се пренесе и преку очите.

Дрен Гргури