fbpx

Нови 41 заразени, 37 оздравени и двајца починати од Ковид-19

-

Според статистиките на Институтот за јавно здравје, во изминатите 24 часа се регистрирани уште 41 случај на заразени со новиот корона вирус, 37 пациенти се евидентирани како оздравени, а впишани се уште два смртни случаи на млади мажи од Ковид-19, болеста што ја предизвикува корона вирусот.

Од 37-те оздравени, двајца пациенти биле на болничко лекување,а 35 се лекувале во домашни услови. Оздравени пациенти на домашно лекување се од: Скопје – 11, исто толку од Прилеп, Кочани 4, Гостивар 2, Дебар 2, , а по еден од Струга, Охрид, Битола, Крушево и Тетово.

На Инфективната клиника во Скопје починал пациент на 36 години од Гостивар, кој освен обезност немал други коморбидитети, но неговата клиничка слика била тешка.

Во денешната евиденција на Институтот за јавно здравје на починати од Ковид-19 ќе биде заведен и пациент од Скопје кој бил на возраст од 25 години. Починал на 23 април, а неговиот втор-постмортем позитивен резултат пристигнал утрово. Пациентот имал Даунов синдром, бил хоспитализиран на 20 април со тешка клиничка слика и наод бронхопневмонија.

Во изминатите 24 часа направени се 728 тестирања, а потврден е 41 нов случај на ковид-19 и тоа во: Скопје -17, Куманово -8, Прилеп 8, Тетово -4, Струга 1, Велес 2, Битола 1.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.367, бројката на починати 59, а бројката на оздравени 374.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје во изминативе 24 часа се примени 4 пациенти, и сега хоспитализирани има вкупно 60. На кислородна поддршка се 25, а на механичка вентилација се 5 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 37. Со потешка клиничка слика се 5, а на респираторна машина се 8 пациенти.

Во болницата во Битола се лекуваат 6 пациенти, 1 пациент е во тешка општа состојба, 11 пациенти се следат при домашно лекување. Во Штип се хоспитализирани 2, а на домашно лекување се уште 9 пациенти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...