четврток, 16 април, 2026
Meta.mk

Ознака: корупција | 338 резултати

Реакција на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата на ставовите на пратеникот Бојан Стојаноски

јануари 22, 2025

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата остро реагира на обидите на пратеникот Бојан Стојаноски, да ги поврзува реакциите на Платформата со влијанија на политички партии, реагираат денеска оттаму. „Во услови кога сериозни аргументи против предложените измени на Законот за јавните набавки беа добиени и од Државата комисија за спречување на корупцијата, како и […]

Герила уметничка акција: Марсовци се борат против корупција

ноември 26, 2024

Центарот за современи уметности (ЦСУ) организираше уште една уметничка герила акција – овој пат уметници облечени во зелени костими за да наликуваат на Марсовци пред Владата и други државни институции го „мереа“ нивото на корупција во државата со своите научно-фантастични „инструменти“. „Ве информираме дека вчера и утрово во соработка со сојузот на уметници, активисти и […]

Индекс на отвореност на локалната самоуправа: Најотворена општина е Битола, најзатворена – Сопиште

октомври 16, 2024

Во С. Македонија, најотворена општина е Битола, а најзатворена е Сопиште. Разликата меѓу овие две општини е сериозна и изнесува цели 60 отсто. Тоа не би требало да биде така, бидејќи секоја општина подеднакво ги има истите одговорности кон своите граѓани и секој граѓанин има право на пристап до информации и услуги. Ова го покажуваат […]

Корупцијата во полошките општини: Најчести се случаите за легализација на куќи и купување земјиште

октомври 16, 2024

Во анонимната анкета на Порталб случаи на корупција во општините од полошкиот регион пријавиле петмина граѓани. Четири случаи се однесуваат на општина Тетово, а еден на општина Врапчиште. Ниту еден случај не бил пријавен од различни причини. Од полошките општини велат дека не се известени за случаи на корупција, а од Обвинителството тврдат дека такви […]

Агенцијата за катастар на недвижности со кампања во борба против корупцијата

октомври 15, 2024

Преку превентивната кампања „Не биди соучесник – пријави обид за корупција“, Агенцијата за катастар на недвижности вели дека ќе работи на подигнување на свеста за спречување корупција во институцијата. Од таму велат дека корупцијата во државните институции претставува сериозна закана за нивниот интегритет и го поткопува јавниот интерес, создавајќи атмосфера на недоверба, нееднаквост и неправда. […]

Платформата на граѓански организации за борба против корупција бара од пратениците да не ги гласаат предложените измени на Законот за јавни набавки

октомври 11, 2024

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата остро реагира на изгласаните измени и дополнувања, како и на предлозите за нови измени на законите со кои што предвреме се прекинува мандатот на членовите и на претседателите на независни и самостојни државни органи, Државната комисија за жалби по јавни набавки (ДКЖЈН), Комисијата за заштита на конкуренцијата […]

Корупција во високото образование: Продажбата на книги од професори е најчеста коруптивна појава*

септември 22, 2024

Корупцијата е сериозен проблем во државата која не прави речиси ништо во борбата против истата. Ова е нотирано во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на С. Македонија, каде што е потенцирано дека корупцијата во сите сфери, е проблем кој е сериозно загрижувачки. Во секторот образование, има различни коруптивни форми, кои студентите најчесто не […]

Мисијата на ОБСЕ распиша Конкурс за есеи за студенти на тема корупција

септември 18, 2024

Мисијата на ОБСЕ распиша Конкурс за есеи за студенти на македонските универзитети. Темите вклучуваат корупција и млади, корупција и избори, криминални аспекти на корупцијата и корупција и криминал. Право на учество имаат студенти на дипломски и постдипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ […]

Божиновска најави ревизија на сите државни институции во делот на енергетиката

јули 10, 2024

На денешната средба меѓу Сања Божиновска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини и главниот државен ревизор Максим Ацески беше договорено да се предадат сите ревизорски извештаи кои се спроведени во делот на институциите под надлежноста на Министерството за енергетика, како и да се отпочне процес на постојана редовна ревизија на сите институции. „Несериозен е […]

Агелер: Kорупцијата е огромен предизвик со кој С. Македонија мора да се справи

јули 1, 2024

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава Ангела Агелер денеска се сретна со министерот за правда Игор Филков на разговори за владеење на правото и борба против корупцијата. „Амбасадорката истакна дека корупцијата е огромен предизвик со кој Северна Македонија мора да се справи и ја изрази посветеноста на Амбасадата да ја одржи нашата цврста поддршка […]

Мора да се види оправданоста за новите министерства, реагираат организациите за борба против корупција

јуни 7, 2024

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата реагира до Собранието на Република Северна Македонија, за затворениот и неконсултативен процес со засегнатите страни по предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за организација на работата на органите на државна управа. Тие испратиле писмо адресирано до претседстелот на Собранието, Африм Гаши. Оттаму реагираат што формирањето […]

„Фридом Хаус“: Неуспеси во владеењето на правото и борбата со корупцијата во Северна Македонија

април 11, 2024

Северна Македонија претрпе големи неуспеси во владеењето на правото и постојаната корупција на високо ниво во текот на годината, е заклучокот во најновиот извештај на Фридом Хаус насловен „Државите во транзиција“ (Nations in Transit). Во него, организацијата го забележува и судирот на политичките партии околу уставните амандмани поради ветото на Бугарија на напорите на земјава […]

Лекот против корупцијата е транспарентноста – истражување на Фондацијата Метаморфозис

март 30, 2024

Корупцијата останува широко распространета и загрижувачки проблем во С. Македонија, а „лекот“ против оваа деструктивна појава е транспарентноста. Традиционалниот пристап на создавање на што е можно повеќе закони има ограничена ефикасност, а стратешкиот и одржлив одговор на корупцијата треба да биде јавниот интегритет. Ова го покажува истражувањето на Фондацијата Метаморфозис „Процена на доброто владеење на […]

ГРЕКО бара од Северна Македонија да ги заостри санкциите за корупција

март 22, 2024

Анализа на Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска политика за Портаб.мк Групата држави против корупцијата (ГРЕКО) е посебен облик на активност на Советот на Европа, формирана во 1999 година и е отворена за членство и за држави кои не се членки на Советот, која сега брои 49 членови. Нејзин најпрепознатлив начин на дејствување е […]

Стевче Јакимовски и Катица Јанева на црната листа на САД

март 18, 2024

Градоначалникот на Општина Карпош и кандидат за претседател, Стевче Јакимовски и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева се најдоа на црната листа на САД. Во соопштението на Американскиот Стејт департмент како причина се наведува дека двајцата биле инволвирани во коруптивни активности. „Во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош, Северна Македонија, Јакимовски беше вмешан […]

ЕК: Да се подобрат резултатите во борбата против корупцијата, особено на високо ниво

март 11, 2024

Комисијата ги повикува властите на Северна Македонија да вложат постојани напори за да обезбедат независност, професионализам, транспарентност и непристрасност на судството. Комисијата ја истакна потребата да се подобрат досегашните резултати во борбата против корупцијата, особено на високо ниво. Ова се дел од заклучоците од 18. состанок на Поткомитетот за стабилизација и асоцијација за правда, слобода […]

Според Џафери, Владата немала надлежност по одлуките на ДКСК?!

март 10, 2024

Талат Џафери, премиер на техничката влада, по однос на специфично прашање за лицето Дрин Ахмети и генерално за неспроведување на заклучоци и други акти од Антикорупциската комисија, даде невистинита изјава дека Владата немала таква надлежност. Законите, сепак, велат поинаку, а во крајна линија, Владата има и посебен вицепремиер за добро владеење, во чија надлежност се […]

„Смрди“ кога стратешки инвестиции од 800 милиони евра се носат по скратена постапка

февруари 9, 2024

Јавноста се најде затечена од расправата што се води деновиве за законите за четири стратешки инвестиции во енергетиката во вредност од околу 800 милиони евра не по нејзина вина, туку по вина на Владата. Намерите за инвестициите се искажани од страна на Владата уште во 2021 и во 2022 г. и тие намери биле реализирани […]

Страна 2 од 17