fbpx

Грковска во посета на САД, се сретна со американскиот координатор за антикорупција

-

Глобалниот координатор за антикорупција на САД, Ричард Нефју, денеска на средба со заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, кажал дека е потребно промените да бидат видливи за граѓаните да го согледаат владеењето на правото и еднаквоста пред законот. Тој ги пофалил активностите и процесите кои кабинетот за политики за добро владеење ги планира за претстојниот период и ја потврди поддршката на САД за Северна Македонија.

„Во рамките на работната посета на Вашингтон, САД, на овој состанок се разговараше за важноста на борбата против корупцијата како клучен елемент за напредок и развој на секое општество“, наведено е во владиното соопштение.

Грковска истакнала дека справувањето со корупцијата е приоритет во стратешките цели на Владата и дека борбата против корупцијата бара активна улога на сите чинители на системот.

Таа и Нефју се согласиле дека корупцијата не е проблем само на една држава или регион, туку е глобален предизвик, распространет секаде и само со заедничко работење и поддршка може борбата против корупција да биде успешна и да даде оптимални резултати.

Вицепремиерката потенцирала дека граѓаните се веќе суперсензитивни на корупција и на секов вид на злоупотреба на службена должност и дека работењето мора да биде базирано на транспарентност, отчетност, владеење на правото, ефикасност и ефективност.

Грковска денеска се сретна и со Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан. На средбата разговарале за важната улога во регионот која Република Северна Македонија ја има во очите на САД како добар партнер, но и сојузник што означува уште повисоко ниво на партнерство и пријателство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...