fbpx

Курти со услови за формирање на Заедницата на српски општини, во Белград турканици во парламентот

-

Косовскиот премиер Албин Курти презентираше услови кои ќе овозможат да се разгледа формирањето на Заедницата на општините со српско мнозинство (ЗСО), а опозициските партии тоа го нарекоа промена во пристапот на Курти на оваа тема, пренесе Дојче Веле сервисот на албански јазик. 

Курти изјави дека може да се размислува за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство по признавањето на независноста на Косово од Србија. Според него, главен услов е Заедницата „да биде во согласност со Уставот и законите кои важат во Република Косово”. Своите шест услови, Курти ги изнесе на седница во Собранието на Косово, на која не беше најавено дека ќе се разговара за дијалог со Србија.

Заедницата не може да биде моноетничка, мора да го смени името, не може да има одбор, мора да служи само за хоризонталната соработка на општините, согласно Уставот, изјави Курти.

„Правата на националните малцинства мора да го зајакнат принципот на реципроцитет меѓу двете држави, како и да се земат предвид европските стандарди и модели. Пред формирањето на Заедницата треба да се затворат илегалните структури на север и да се предаде целото нелегално оружје“, рече Курти.

Според него, Заедницата на српски општини треба да биде дел од конечниот договор и да се спроведе по меѓусебното признавање и откако Србија ќе ги прифати принципите на повелбата на ОН во однос на Косово, споменувајќи го последниот услов дека претседателот на Србија треба да ги повлече писмата испратени до петте земји на ЕУ во врска со неприфаќањето на Косово во ЕУ, рече Курти.

Според него, овие шест услови што ги постави се политички услови и се засноваат на демократските, универзалните и европските аспекти на владеењето и политиката.

Ставот на премиерот Албин Курти за Заедницата на српските општини наиде на остра реакција кај опозициските партии. Претседателот на Демократската лига на Косово, Лумир Абдиџику изјави дека „втори февруари е датумот на прифаќање на Заедницата на општините со мнозинско српско население во Косово од страна на премиерот Албин Курти”. Според него, премиерот Курти треба да поднесете извештај во Собранието на Косово по секоја средба што се одржува во рамки на дијалогот Косово-Србија во Брисел со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Од друга страна, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во српскиот парламент извести за напредокот на дијалогот Косово-Србија. Атмосферата во парламентот беше тензична и за малку беше избегнат физичка пресметка меѓу дел од пратениците на српската опозиција и оние од власта. Мешаницата меѓу пратениците настана додека Вучиќ говореше за напредокот на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Вучиќ во Собранието потврди дека „90 отсто од она што се појави во јавното мислење за содржината на предлогот на ЕУ за решението за Косово е точно“.

„Во точката 4 пишува дека Србија нема да се спротивстави на членството на Косово во ниту една меѓународна организација“, рече Вучиќ, додавајќи дека како што рече „не се осмелува да го открие целиот европски план за Косово“.

Тој рече дека, сепак, „политиката на Србија е одржување на мирот и стабилноста по секоја цена и дека Белград ќе инсистира на формирање Заедница на општини со српско мнозинство”.

Претседателот на Србија рече дека европско-американскиот дипломатски тим за време на средбата во Белград на 20 јануари му порачале дека „ќе има последици доколку Србија не го прифати европскиот план за Косово“.

„Ми беше кажано дека ќе се соочиме со прекин на преговорите за членство во ЕУ, не само со прекин на пристигнувањето на дополнителни инвестиции, туку и со повлекување на сите инвестиции од вашата земја и со други сеопфатни мерки“, рече. претседателот Вучиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...