fbpx

Агелер очекува „едно или две имиња“ од земјава да се најдат под американски санкции

Во однос на тоа дали на „црната листа“ на САД ќе се најдат функционери од земјава, Агелер рече дека има лица кои се вредни за разгледување

-

Постојат повеќе видови на санкции што САД ги воведуваат. Овие листи се многу динамични бидејќи корупцијата во своите многу форми се случува секој ден, изјави денеска американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, одговарајќи на новинарски прашања за американската „црна листа“ на санкции.

По денешната посета на Истражниот центар при Основното јавно обвинителство Скопје, таа посочи дека листите постојано се ажурираат. Во однос на тоа дали на „црната листа“ на САД ќе се најдат функционери од земјава, Агелер рече дека има лица кои се вредни за разгледување.

„Овие листи се многу динамични. Тоа е постојан процес, бидејќи корупцијата во своите многу форми се случува секој ден. Има луѓе кои се вредни за разгледување, и бидејќи системот во Вашингтон е особено правно внимателен, бара време и бара истражување на наводните криминали, за да се осигуриме дека нема да ставиме некој на листа, на која не припаѓаат. Верувам дека во следните неколку месеци ќе видиме едно или две имиња и тоа ќе биде процес што ќе продолжи“, рече Агелер.

Амбасадорката на САД во земјава додаде дека се разгледуваат сите можни форми на корупција и една личност може да се најде под повеќе категории на санкции.

Агелер истакна дека корупцијата во Северна Македонија постои многу долго и не станува збор за проблем што може да се реши за неколку месеци.

„Ние сакаме да бидеме партнери со земјава на начин на кој на граѓаните ќе им стане јасно дека овој систем постои за нив. За тоа ќе треба време, тоа не е нешто што еден компјутерски систем веднаш ќе го реши. Но, ова прашање е приоритет. Јас, за време на мојот амбасадорски мандат имам една цел – тоа е да се осигурам дека јас и мојот тим ќе направиме сè што можеме за да ја зголемиме довербата на граѓаните на Северна Македонија во судството“, рече Агелер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Мал одѕив на претседателските избори во општините со мнозинство албански гласачи

Големи разлики се гледаат во одѕивот на граѓаните во некои општини на парламентарните и претседателските избори денеска. Во Изборната едница 6, но и во другите општини каде што доминира...