fbpx

И Орце Камчев се најде на црната листа на САД

За Камчев се вели и дека го искористил своето коруптивно влијание и богатство за да манипулира со судскиот систем на Северна Македонија во негова корист

-

Бизнисменот Јордан Орце Камчев заврши на црната листа на Министерството за финансии на САД, соопшти институцијата денеска. Потсекретарот на министерството, Брајан Е. Нелсон рече дека Камчев ја злоупотребил својата позиција ангажирајќи се во коруптивни активности и спроведувајќи себична агенда на сметка на демократските институции и граѓаните на Северна Македонија.

„Бизнисменот Јордан „Орце“ Камчев интензивно се занимава со корупција, вклучително и злоупотреба на службената положба, перење пари и други прекршоци повеќе од една деценија, почнувајќи од раните 2000-ти“, се вели во соопштението на американското Министерство за финансии.

Во него е нотирано дека Камчев во 2022 година беше осуден во судскиот процес „Плацеви на Водно“ за учество во шема за перење пари поврзана со незаконско купување земјиште и дека во одвоено судење се изјасни за виновен за тешка злоупотреба на службената положба во случајот „Империја“ во кој беше осомничен за злосторничко здружување, измама, перење пари и други кривични дела поврзани со неговите бизниси.

Дополнително, се вели дека Камчев го искористил своето коруптивно влијание и богатство „за да манипулира со судскиот систем на Северна Македонија во негова корист“.

„Во 2020 година, главната обвинителка на Специјалното обвинителство (СЈО) беше обвинета за примање поткуп од Камчев и сведочеше дека Камчев платил пари во замена за поволни услови за апсење и исход. Камчев подоцна покрена граѓанска постапка против главната обвинителка и другите, тврдејќи дека го изнудувале. Граѓанскиот суд во Скопје пресуди дека Камчев не е жртва и нема право на надомест на штета“, се вели во соопштението на Министерството за финансии на САД.

После овој скандал, СЈО пропадна, додава американското министерство, а како резултат на тоа, многу случаи на корупција на високо ниво кои СЈО ги разгледуваше остануваат нерешени, одложувајќи ја одговорноста за многу поединци кои се занимавале со корупција слично како Камчев.

„Денес, Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД (OFAC) назначи едно лице, Јордан „Орце“ Камчев, во Северна Македонија во согласност со Извршната наредба (E.O.) 14033. Денешното назначување ја нагласува континуираната посветеност на Соединетите држави да промовираат одговорност за поединци и субјекти кои ја поткопуваат или загрозуваат стабилноста на Западен Балкан преку корупција и друго дестабилизирачко однесување“, се вели во известувањето за додавањето на Камчев на црната листа.

Како резултат на денешната акција, целиот имот на Камчев во САД е блокиран.

Покрај македонскиот бизнисмен, на листата денеска беа додадени и три лица од Обединетите арапски емирати, како и едно од Мексико.

На истата листа се наоѓаат и поранешниот македонски премиер, а сега бегалец од правдата Никола Груевски и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, како одговор на нивното учество во значајна корупција.

Во јуни, на црната листа на Стејт департментот се најде и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, поради негова вмешаност во значителни коруптивни дејствија. На листата истовремено се ставени и неговата сопруга, како и трите полнолетни синови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...