fbpx

Изгаснат е пожарот во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски” [галерија]

Нема опасност од проширување и во моментот се догасува внатрешно, поради големата количина на ѓубре на дадената површина.

-

Изгаснат е пожарот близу спортскиот центар „Борис Трајковски“, известува Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според нив, повеќе нема опасност од проширување и во моментот се догасува внатрешно, поради големата количина на ѓубре на дадената површина.

Во гаснењето на пожарот учествувале 10 пожарникари со 5 возила. Исто така, биле вклучени и две цистерни од ЈП Комунална хигиена како и механизација од општина Карпош.

Утрово во 10.36 часот пожарот бил пријавен на кејот на реката Вардар зад хотелот Александар Палас и станува збор за запалена дива депонија на површина од околу 5.000 квадратни метри. 

Веќе неколку години во текот на зимата овој простор се трупа со ѓубре, а потоа на лето се пали, по што депонијата понекогаш гори со денови.

Гори дивата депонија кај „Борис Трајковски“ во скопски Карпош [Галерија]

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...