fbpx

Стејт департментот ги стави на црна листа Груевски и Мијалков

-

Американскиот Стејт департмент ги стави на црна листа поранешниот премиер Никола Груевски и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, како одговор на нивното учество во значајна корупција.

Според Стејт департментот, нивните дела го поткопуваат владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси и ја еродираат довербата на јавноста во владите. Покрај Груевски и Мијалков, Стејт департментот, исто така, на црна листа ги стави членовите на нивното потесно семејство, па според тоа, на сите нив им е забранет влез во САД.

Покрај нив, на црната листа се најдоа и други лица од регионот ,меѓу кои е и Гордана Тадиќ која беше главна обвинителка на Босна и Херцеговина. На листата се најде и новоформираната унгарска компанија на Груевски „I.C.I.C. KFT.“

„Во неговото службено својство на премиер, Груевски беше вмешан во коруптивни дејствија преку кои го користеше своето политичко влијание и официјална моќ за лична корист. Поточно, постојат веродостојни информации дека Груевски ја злоупотребил моќта на својата функција за да бара и прима мито за возврат на владини договори, незаконски присвоени јавни средства и мешање во изборните процеси за политичка полза за себе и за неговата партија“, наведува Стејт департментот.

Сашо Мијалков на едно од неговите судски рочишта. Фото: Архива на Мета.мк

Во образложението за Мијалков се вели дека во службеното својство на директор на УБК, бил инволвиран во коруптивни дела меѓу кои и користење на неговото политичко влијание и официјална моќ за лична корист и дека има веродостојна информација дека Мијалков го злоупотребил овластувањето на функцијата за да бара поткуп за возврат да се склучат владини договори, како и дека се мешал во изборните процеси во своја и политичка корист на својата партија ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку и Груевски и Мијалков се родинини, односно братучеди а од домашните судови се и двајцата осудени на повеќе годишни казни затвор.

Никола Груевски, како претседател на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пред да биде осуден пребега во Унгарија и доби азил од тамошниот премиер Виктор Орбан, инаку близок до Русија и Владимир Путин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...