fbpx
Таг: корупција

таг: корупција

Романија денеска ќе објави детали од новиот кривичен предлог-закон

Романскиот министер за правда, Флорин Лордаче, соопшти дека денеска ќе објави детали од новиот кривичен предлог-закон, ден откако владата го укина претходно издадениот декрет кој овозможуваше ублажување на борбата против корупцијата и предизвика масовни протести и меѓународна критика. Стотина илјади Романци протестираа во Букурешт и во други градови во земјата против владината уредба која штити или целосно ослободува некои функционери од кривично гонење...

Романската влада ќе ја повлече спорната уредба за корупција

Владата на Романија ќе одржи седница на која би требало да ја повлече спорната уредба со која се ублажуваат антикорупциските мерки, јавува „Би-би-си“. Одлуката на официјален Букурешт предизвика повеќедневни протести во земјата, кои се сметаат за најмасовни по 1989 година. Романскиот премиер Сорин Гриндеану рече дека владата ќе ја повлече уредбата затоа што не сака „да ја подели Романија“. Повеќе десетици илјади...

Романците четврта вечер по ред протестираа против владиниот указ за корупција

Масовни протести синоќа, четврта вечер по ред, се одржаа во Романија. Романските медиуми јавуваат дека на улиците на Букурешт синоќа излегле околу 200.000 лице. Протестите се одржуваат поради ненадејната одлука на романската влада да декриминализира или да ја намали казната за корупција, злоупотреба на положбата или судирот на интереси, најчестите казнени дела за кои се гонат политичарите.Иако на дневниот ред...

И вечерва протести во Букурешт, се собраа десетици илјади Романци

Протестите поради одлуката на романската влада да ги ублажи прописите за сузбивање на корупцијата продолжија и вечерва пред седиштето на владата на Романија. На плоштадот Викторија се собраа десетици илјади граѓани. Сепак, таму и на улиците на Букурешт, генерално, е помирно отколку во претходните денови. Демонстрантите носат знамиња на Романија, а има и многу деца со своите родители или баби...

Продолжуваат протестите во Романија, а премиерот не ја повлекува уредбата

Десетина илјади демонстранти трета ноќ по ред протестираат во 20 градови во Романија поради одлуката на социјалдемократската влада да ги ублажи прописите за сузбивање на корупцијата. Романскиот премиер Сорин Гриндеану најави дека неговата влада, без разлика на масовните протести, нема да ја повлече спорната уредба, која декриминализира некои случаи на корупција, што предизвика политичка криза во земјата. Претседателот на Романија, Клаус Јоханис,...

Романскиот претседател ќе ја оспори владината уредба за корупција

Претседателот на Романија, Клаус Јоханис, денеска соопшти дека од Уставниот суд ќе побара да ја прогласи за неуставна одлуката на владата за ублажување на прописите за борба против корупцијата, која предизвика масовни протести во земјата. Јоханис рече дека уредбата на владата ќе ја изнесе пред Уставниот суд, што е последна правна можност да се спречи измената на законот. Владата на социјалдемократите...

Пет повредени и 60 приведени за време на антивладините протестити во Романија

Најмалку пет лица се повредени и 60 се приведени по судирот на демонстранти и на припадници на безбедносните сили за време на протестите во Букурешт. Протести беа организирани и во други романски градови и се оценува дека се најмасовни од падот на комунизмот во 1989 година. Демонстрациите почнаа откако владата издаде указ за намалување на казните за корупција, со кој многу...

Протести во Романија поради намалување на казните за корупција

Илјадници Романци синоќа излегоа на улиците во знак на протест поради одлуката на владата да издаде декрет со кој се намалуваат казните за корупција. Новиот декрет, како што јавуваат романските медиуми, ќе поштеди многу политичари од кривично гонење. Во Букурешт демонстрантите спонтано се собираа пред седиштето на владата, извикувајќи „крадци“ и повикувајќи на оставка на социјалдемократската влада, која на власт дојде...

Тасева: Индексот за перцепција на корупцијата е збир од различни меѓународни истражувања

„Слабиот резултат на Македонија укажува на потреба од зајакнување и од заштита на граѓанското општество, а не негово слабеење. Тоа е пораката на индексот за перцепција на корупцијата“, порача д-р Слаѓана Тасева, претседател на „Транспаренси интернешнел“ – Македонија (ТИМ). Организацијата што таа ја раководи, како и матичната организација, денеска реагираа на нападите против нив што се појавија во некои медиуми...

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Јанева, Ременски и Спасовски за падот од 24 места на индексот за корупција

Назадувањето на листата на „Транспаренси интернешнел“ е резултат на работењето на генералниот секретар Оливер Спасовски како технички министер во МВР и на работењето на Фросина Ременски како технички министер за труд и социјална политика, обвини на партиска прес-конференција Даниела Рангелова, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Таа рече дека враќањето на СДСМ на власт би значело корупција, неодговорност и разградување...

Србија и понатаму помеѓу земјите со висока корупција

Србија, според индексот за корупција, има 42 поени и се наоѓа на 72. место од вкупно 176 земји, односно и понатаму се наоѓа помеѓу земјите со високо ниво на корупција, соопшти денеска „Транспарентност“ - Србија. Како што се наведува во извештајот, нема значајни промени во рангирањето на Србија уште од 2008 година. Минатата година, Србија беше на 71. место со...

Македонија за една година падна 24 места на индексот на корупција

Македонија за една година падна 24 места подолу на глобалниот индекс на перцепција на корупцијата (ИПК) на „Транспаренси интернешнел“ (ТИ) и на мерењето за 2016 година е на 90. место, додека на индексот за 2015 година била на 66. позиција. Тоа е и најголемиот пад што земјава го забележила почнувајќи од 2012 година, кога е воведена сегашната методологија на рангирање...

Зголемен е индексот за перцепција на корупцијата во Македонија, оцени ТИ

Македонија, според меѓународната организација „Транспаренси интернешнл“, со индекс на перцепција на корупција 37, се наоѓа на 90. место од 176 земји колку што се рангирани во 2016 година, објавено е на веб-страницата на организацијата. Земјите се рангираат како многу корумпирани (0) до многу „чисти“ без корупција (100). Минатата година Македонија од 168 земји беше на 66. место со индекс на перцепција 42....

Контраспин: Криминалот и корупцијата не исчезнаа за СЈО да биде беспредметно

СЈО е стожерот кој треба да обезбеди правна разврска на кризата, без која нема излез од спиралата што Македонија ја води во регрес и во опасност од дезинтеграција. СЈО беше продукт на Договорот од Пржино и констатација во анализата на Рајнхард Прибе за измена на системот на електронско следење на комуникациите и надворешна, надзорна контрола врз тој систем, пишува...

ЛДП бара Груевски да го врати мандатот и да се формира реформска влада

Либерално-демократската партија бара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, да го врати мандатот за составување влада бидејќи, како што велат од ЛДП, на државата ѝ е потребна влада која ќе почне темелни реформи базирани врз препораките на извештајот на Прибе. „И по една недела од доделувањето на мандатот, Никола Груевски не успева да формира влада. Напротив, тој и понатаму си игра...

Македонските студенти ретко пријавуваат корупција

Студентите во Македонија ретко пријавуваат корупција, покажа истражувањето на проектот „Можностите за законот за заштита на укажувачи и спречување на корупција во високото образование во Македонија“. Универзитетскиот професор Миша Докмановиќ смета дека студентите малку го познаваат законот за заштита на укажувачи и затоа не се осудуваат да пријават корупција. - Ние направивме анкета на 513 македонски студнети од четирите најголеми...

Ванхауте за изборите: Партијата ви дава трошки, а бега со тортата

Изборот на искрени политичари кои не биле поврзани со корупција е првиот чекор во градење на вашата демократија, порача белгискиот експерт и поранешен посредник во работните групи за имплементација на Договорот од Пржино, Питер Ванхауте. Ванхауте вели дека изборите сепак не се крајната цел, туку почетокот на потребните промени. Тој предупреди дека овие избори не смеат да бидат референдум за,...

НСДП: Изборите на 11 декември имаат референдумско значење за државата

„Предвремените парламентарни избори на 11 декември имаат референдумско значење за државата. Граѓаните се исправени пред историски предизвик за повторно поставување на темелите на институциите и за возобновување на правниот поредок и на демократијата“, истакнал претседателот на НСДП, Тито Петковски, во Битола на средбата со ракводствата и со членовите на општинските организации на партијата од петтата изборна единица. „Криминалот и корупцијата вгнездени...

„Џеј Пи Морган“ казнета со 264 милиони долари заради подмитување кинески функционери

Американската банка „Џеј Пи Морган Чејс“ треба да плати казна од 264 милиони долари поради наводите дека компанијата ангажирала деца на високи кинески функционери заради добивање бизниси во Кина, јавува „Би-би-си“. Министерството за правда на САД, ваквата шема на банката ја оквалификува како „подмитување под некое друго име“. Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на САД и Министерството за правда...

„Транспаренси интернешнел“: Албанија е една од четирите најкорумпирани земји во Европа

Во извештајот на „Транспаренси интернешнел“ објавен во средата се вели дека Албанија прави напори за борба против корупцијата, но сепак е една од четирите земји со најкорумпирана политичка класа во Европа. Податоци покажуваат дека за разлика од Косово, Шпанија и од Молдавија, каде што корупцијата се смета за еден од трите главни проблеми, во Албанија тоа не е случај. „Транспаренси интернешнел“...

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...