fbpx

Романскиот претседател ќе ја оспори владината уредба за корупција

-

Претседателот на Романија, Клаус Јоханис, денеска соопшти дека од Уставниот суд ќе побара да ја прогласи за неуставна одлуката на владата за ублажување на прописите за борба против корупцијата, која предизвика масовни протести во земјата.

Јоханис рече дека уредбата на владата ќе ја изнесе пред Уставниот суд, што е последна правна можност да се спречи измената на законот.

Владата на социјалдемократите во средата наутро донесе уредба со која се декриминализираат повеќе дела при злоупотреба на власта, а некои од таквите дела со уредбата стануваат казниви со затвор сако ако предизвикаат штета повисока од 44.000 евра.

Десничарот Јоханис ја оцени уредбата како „неприфатлива“ и „скандалозна“.

Десетици илјади лица изминатите две вечери протестираа во Романија. Демонстрантите оценија дека тоа ќе им помогне на некои политичари и владини соработници што се соочуваат со обвиненија за корупција.

Романските медиуми јавуваат дека синоќа на улиците излегле најмалку 200.000 луѓе. За време на протестите повредени се осум лица, а двајца полицајци и двајца демонстранти се пренесени во болница. Полицијата приведе 20 лица, бидејќи фрлале петарди, камења и димни бомби.

Поради спорните владини мерки, денеска оставка поднесе министерот за економски прашања, трговија и за претприемништво, Флорин Жијан, а министерот за правда, Флорин Јордаке, привремено ја предал должноста на својот заменик.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...